Список на владетели на Бугарија
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е список на владетелите на сите бугарски држави од најраните записи во Именикот на бугарските ханови до 1946 година кога е отфрлена монархијата во последната бугарска држава. Постоењето на митските владетели, како и периодот на нивното владеење, не се научно востановени и годините кај нив се преземени од Именикот на бугарските ханови, каде за Авитохол се вели дека владеел 300, а за Ирник 150 години. Во белешките е опишана промената на титулата кај одредени владетели како и дискутабилното потекло на други. Неколку помали владетели не се внесени во списокот.