Соломони
земја во Океанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Соломоните[1], или официјално Соломонски Острови[2] или Соломонови Острови (англиски: Solomon Islands) се земја во Меланезија, источно од Папуа Нова Гвинеја и содржи околу илјада острови.Заедно тие покриваат површина од 28,400 км2. Главниот град е Хонијара, сместен на островот Гвадалканал.
Соломонски Острови Solomon Islands (англиски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: To Lead is to Serve (англиски) „Да се води значи да се служи“ |
||||||
Химна: Господ ги чува нашите Соломони Кралска химна: Боже, чувај го Кралот |
||||||
Локација на Соломоните
|
||||||
Главен град (и најголем) | Хонијара 9°28′S 159°49′E | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Демоним | соломонец | |||||
Уредување | Уставна монархија | |||||
• | Крал | Чарлс III | ||||
• | Генерален гувернер | Давид Вунаги | ||||
• | Премиер | Џеремаја Манеле | ||||
Законодавство | Национален парламент | |||||
Независност | ||||||
• | од Обединетото Кралство | 7 јули 1978 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 28,400 км2 (139.) | ||||
• | Вода (%) | 3,2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2021 г. | 707.851 (167.) | ||||
• | Попис јули 2005 | 552.438 | ||||
• | Густина | 18,1 жит/км2 (200.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупен | 1,479 милијарди долари | ||||
• | По жител | 2.307 долари | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупно | 1,511 милијарди долари | ||||
• | По жител | 2.357 долари | ||||
Џиниев коеф. (2013) | 37.1 среден |
|||||
ИЧР (2019) | ▲ 0.567 среден · 151. |
|||||
Валута | Соломонски долар (SBD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+11) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .sb | |||||
Повик. бр. | +677 |
За Соломоните се смета дека се населени од меланезиски народ илјадници години. Обединетото Кралство основало протекторат врз Соломонските Острови во 1890 години. Некои од најгорчливите битки за време на втората светска војна се одвивале на Соломоните од 1942 до 1945 година, вклучувајќи ја и Битката за Гвадалканал. Самоуправувачка влада беше основана во 1976 година и независност после две години подоцна. Државата е дел од Комонвелтот на Нациите.
Од времето на етничката војна во 1998 година, криминалот ја разниша стабилноста и граѓанското општество на Соломоните. Во јуни 2003 година мултинационални сили предводени од Австралија и Регионалната асистенционална мисија на Соломонските Острови приостигаат и го враќаат мирот во државата. Северните Соломони се поделени помеѓу Независни Соломони и провинцијата Бугенвил во Папуа Нова Гвинеја.