Скијање на даска (или сноубординг, англиски: snowboarding = snow, „снег“ и board, „даска“, во поново време разговорно нарекувано и снегштица[1]) — зимски спорт кој се одвива на даска за скијање (сноуборд). Овој спорт спаѓа во групата на екстремни спортови, што значи дека е опасен. Скијачот вози на даската налик на скејтборд, но во скијачки облик, по снег. Спортот е измислен во САД во 1960-тите и 1970-тите, а станал зимски олимписки спорт во 1998 година. Карактеристичен е, бидејќи на лицето кое управува со даската двете нозе му се прицврстени за неа, и мора да има извонредно чувство за рамнотежа. Обично овој спорт не се прави на долги патеки, туку на кратки но опасни патеки, проследени со ризични скокови на одредена висина, или над одреден предмет, а понекогаш се поминува со даската и по предметот.
Скијач на даска прави свртување на свеж снег | |
Почеток | 1965, Маскегон, Мичиген, САД |
---|---|
Карактеристики | |
Категоризација | Отворен |
Опрема | Скијачка платформа, Даска, Чизми |
Олимписки | 1998 |
Параолимписки | 2014 |
Историја
Првата совремеа даска за скијање била „Снурфер“ (Snurfer), чие име доаѓа од зборовите „снег“ и „сурфер“, бил измислен од Шерман Попен во 1965 год. во Маскегон, Мичиген, како играчка за неговата ќерка. Снурферот на Попен почнал да се произведува уште истата година како играчка, сè додека не почнува поозбилно да се сфаќа скијањето на даска како спорт.
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.