Скандинавски Планини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скандинавските Планини или Сканди (швед. Skanderna, Fjällen или Kölen[3], фин. Köli, норв. Kjølen[4]) — планински венец што се протега долж Скандинавскиот Полуостров. Западните падини нагло се спуштаат во Северното и Норвешкото Море, образувајќи ги познатите норвешки фјордови, додека пак североисточнит дел благо се свива кон Финска. На север ја образуваат границата помеѓу Норвешка и Шведска, сепак достигнувајќи 2.000 м кај поларникот. Венецот само малку навлегува во Финска (крајниот северозападен дел), но во најсеверниот дел кај Северниот ‘Рт венецот се состои само од ридови.
Скандинавски Планини Skanderna, Fjällen, Kjølen | |
планински венец | |
Земји | Норвешка, Шведска, Финска |
---|---|
Највисока точка | Галхепинген [1] |
- местоположба | Лом, Оплан, Норвешка |
- височина | 2.469 м |
- координати | 61°38′11″N 08°18′45″E |
Должина | 1.700 км [2] |
Ширина | 320 км [2] |
Скандинавските Планини
|
Планините не се многу високи, но на места се мошне стрмни. Највисока е Галхепинген (2469 м) во јужна Норвешка. На шведската страна, највисока е Кебнекајсе (2104 м), а во Финска највисока е Халти (1328 м).
Во подрачјето има многу ледени полиња и ледници благодарение на северната географска положба и влагата од Северниот Атлантски Океан.
Скандинавскиот планински систем сочинува геолошка целина со планините во Шкотска, Ирска и, преку Атлантикот, со Апалачките Планини во Северна Америка. Стручњаците сметаат дека тие образувале еден венец пред разделувањето на суперконтинентот Пангеја. Сегашните планини се остаток од т.н. „Каледонски“ планини од тоа време кои со време се намалиле на една петтина од нивната првобитна височина поради ерозија. Ова е еден од најстарите постоечки планински венци во светот.