Фабула
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фабула или сиже — поим што потекнува од рускиот формализам и се употребува во наратологијата, при што се опишуваат наративни конструкции. Сиже е употреба на нарација, а фабула е редоследот по кој се прераскажуваат настаните. Тие првпат биле употребени на ваков начин од Владимир Проп и Шкловски.
Фабулата на еден текст е сиров редослед по кој настаните се случиле, а сиже се дефинира како начин на кој овие настани се отсликани и преструктуирани во заплетот. Од Аристотел (350 година п.н.е, 1450б25) наративните заплети треба да имаат почеток, средина и крај. На пример, филмот Граѓанинот Кејн почнува со смртта на главниот лик, а потоа го раскажува неговиот живот преку ретроспектива, што е испреплетено со истрага на еден новинар за животот на Кејн, која се случува во поново време. Ова честопати се постигнува во филмовите и во романите преку движење напред и назад во времето.