Секуларниот хуманизам е филозофија која се залага за разум, етика, еднаквост, и експлицитно го отфрла натприродното и религиозните догми како основа на моралот и донесување на одлуки. Секуларниот Хуманизам е став кон животот кој се фокусира на начинот на кој луѓето можат да водат добар, среќен, исполнет и функционален живот.
Секуларниот Хуманизам (со големо „Х“) се разликува од разни други хуманизми. Иако Секуларниот Хуманизам постулира дека човечките суштества се способни за исправна етика и морални вредности без религија, или Бог, со ова се промовира и претпоставува дека луѓето се по природа добри односно вродено етични. Ниту, пак, го претставува човекот како „над природата“ или супериорен во однос на неа, токму спротивното на тоа, хуманистичкиот животен став нагласува единствена одговорност со кои се соочува човештвото и последиците од нашите етички одлуки.
Терминот „секуларен хуманизам“ бил скован во 20 век, а беше усвоен од нерелигиозни хуманисти со цел да се направи јасна дистинкција од „верскиот хуманизам (квазихуманизам)“. Секуларниот Хуманизам исто така е наречен „научен хуманизам“. Биологот Едвард О. Вилсон тврди дека е „единствениот поглед на светот компатибилен со сè поголемото сознание на науката за реалниот свет и законите на природата“.[1]
Постулати
Секуларниот хуманизам го опишува погледот на светот со следниве елементи и принципи:[2]
- Треба да се испитуваат сите верувања - Догмите, идеологиите и традициите, без разлика дали се со религиозна, политичка или општествена позадина, мора да се мери и анализира од страна на секој поединец, а не едноставно прифатени од слепата верба.
- Разум, докази, научната метода - Посветеност на употребата на критички разум, фактички докази и научни методи на истражување, наместо слепа верба во барањето решенија за човечките проблеми и одговори на важни човечки прашања.
- Исполнување, раст, креативност – Основната загриженост со исполнување, раст и креативност на поединецот и човештвото во целина.
- Потрага по вистината - Константна потрага по објективна вистина, со разбирање дека новите сознанија и искуства постојано ја менуваат нашата несовршена перцепција за неа.
- Овој живот - Загриженоста за овој живот и посветеност за да го оствариме тоа преку подобро разбирање на себеси, нашата историја, нашите интелектуални и уметнички достигнувања, и ставови на оние кои се разликуваат од нас.
- Етика – Потрага по целосна личност со социјални и политички принципи на етично однесување, оценувајќи ја личноста според неговата способност да ја подобри човековата благосостојба и поединечната одговорност.
- Градење на подобар свет - Уверувањето дека со разум, отворена размена на идеи, добра волја и толеранција, напредок може да се направи во градењето на подобар свет за нас и нашите поколенија.
Секуларната хуманистичка декларација е издадена во 1980 година од страна на Советот за демократски и секуларен хуманизам (CODESH), сега на Совет за секуларен хуманизам (CSH). Се утврдуваат десет идеали:
- слободно испитување и потрага наспроти цензурата и наметнување на верување;
- одвојување на црквата и државата;
- слобода од религиозните контроли и од шовинистичките контроли на владата;
- етика врз основа на критичка интелигенција наспроти етика изведена од верското уверување и догма;
- морално образование;
- скептицизам;
- разум;
- посветување кон науката и технологијата како најдобар начин за разбирање на светот;
- еволуција;
- образование како суштински метод за градење на хумани, слободни, и демократски општества.[3]
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.