Сарај (населба)
село во Општина Сарај / From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија се однесува на скопското село Сарај. За селото Сарај во Општина Босилово, видете Сарај (Струмичко).
Кратки факти
Сарај | |
Координати 42°0′0″N 21°19′40″E | |
Општина | Сарај |
Население | 6.265 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1066 |
Шифра на КО | 25916 |
Надм. вис. | 268 м |
Сарај на општинската карта Атарот на Сарај во рамките на општината | |
Сарај на Ризницата |
Затвори
Сарај — населба во Скопје. Сарај е административно седиште на истоимената општина и е поранешно село. Откако Сарај се здобил со статус на градска населба, Сарај претставува најзападниот дел на Скопје. Во рамки на Општина Сарај, населбата Сарај е единството населено место кое е дел од Скопје, а сите останати населени места во Општина Сарај, кои имаат рурален статус како села, не се составен дел од населеното место Скопје, туку се само дел од административната единица Град Скопје.