добивање минерали и друг ископан материјал од земјата From Wikipedia, the free encyclopedia
Рударство — стопанско-индустриска гранка што се занимава со испитување и исцрпување на сите видови рудни лежишта како и начините за нивна рационална експлоатација.[1] Преку ископувањето на различните видови на метални и неметални руди и минерали, рударството претставува единствената и најзначајната дејност која со основни суровини за производство ги снабдува индустријата, градежништвото и други стопански гранки.
Рударството спаѓа меѓу најстарите човечки дејности и потекнува уште од праисториско време.[1] Првите и најстари развојни фази и периоди на човековата историја и општество како што се железното, бронзеното и бакарното време се должат токму на пронаоѓањето, ископувањето и обработката на метални руди од кои потоа се изработувани разни алати и орудија. Поради извонредно големото значење на рударството како клучна дејност за стопанскиот, техничко-технолошкиот и научниот развој неговото значење во сеопштиот развиток на човештвото е поврзано и со сите подоцнежни историски периоди и пронајдоци како колонијализмот, индустриската револуција, јадреното оружје итн. Поради својата клучна улога во обезбедувањето на основните суровини и енерегенси за производството во индустријата, градежништвото, електростопанството, сообраќајот и комуникациите, рударството и во денешно време е една од најзначајните дејности за функционирањето на целокупната економија, стопанскиот раст на државите како и за непреченото и нормално одвивање на секојденвниот живот на луѓето.
Рудните наоѓалита се експлоатираат по следниве постапки:[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.