Роман IV Диоген
From Wikipedia, the free encyclopedia
Роман IV Диоген (грчки: Ρωμανός Δ΄ Διογένης, о. 1030 - 1072) — византиски цар од Династијата Дука кој владеел од 1068 до 1071 г. Роман IV Диоген бил член на византиската војска и аристократија кој по неговиот брак со царицата вдовица Евдокија (сопруга на царот Константин X Дука) бил крунисан за цар на Византија. За време на неговото владеење тој бил решен да го запре опаѓањето на моќта на византиската војска и да ги спречи нападите на Турците Селџуци. Но, во 1071 година тој бил заробен, а неговата војска била поразена во Битката кај Манцикерт. По неговото заробување тој бил симнат од престолот со државен удар. Кога набргу бил ослободен бил притворен од страна на членовите на семејството Дука. Во 1072 година тој е ослепен и пратен во манастир, каде што починал од здобиените рани.
Роман IV Диоген Ρωμανός Δ΄ Διογένης | |
---|---|
Цар на Источното Римско Царство | |
Диптих од момчето цар Роман II и неговата сопруга-дете Берта Евдокија, ќерката на Хуго од Италија, о. 944-946. Овој диптих е често користен погрешно да го покаже царот Роман IV (Национална библиотека на Франција). | |
Византиски цар | |
На престол | 1068 – 1071 |
Претходник | Константин X Дука |
Наследник | Михаил VII Дука |
Роден(а) | околу 1030 |
Починал(а) | 1072 |
Сопружник | Ана (ќерка на Алусијан) Евдокија Макремболитиса |
Деца | Константин Диоген Никифор Диоген Лав Диоген |
Династија | Дука династија (преку брак) |
Татко | Константин Диоген |