Роза Луксембург
From Wikipedia, the free encyclopedia
Роза Луксембург (германски: Rosa Luxemburg, полски: Róża Luksemburg; 5 март 1871 – 15 јануари 1919 ) — познат марксистички деец, теоретичар и политичар. Била една од главните теоретичари на Социјалдемократската партија на Германија и една од водечките личности на левото крило на социјалдемократијата во меѓународни рамки. Голем противник на Првата светска војна и на политиката на германската социјалдемократија, Роза Луксембург заедно со Карл Либкнехт го основа „Спартаковиот сојуз“. Поради своите антивоени ставови била затворена од страна на германската влада. По избувнувањето на Ноемвриската револуција во Германија во ноември 1918 е ослободена од затвор и се зафати со обединување на левоориентираните социјалдемократски групи во Комунистичката партија на Германија. По неуспешните демонстрации од јануари 1919, Роза Луксембург заедно со Карл Либкнехт е заробена од десничарскиот Слободен корпус и набрзо е убиена.