From Wikipedia, the free encyclopedia
Рима или слик — гласовно совпаѓање на исти слогови на крајот на два или повеќе стихови. Совпаѓањето може да биде од едносложни зборови како: вол, кол, долч од двосложни зборови како: рака - мака, песна - лесна, зора - гора од трисложни зборови: самарче - магарче, колено - вретено и од четирисложни зборови: воденица - топеница, јаребица - гулабица. Тоа совпаѓање, односно повторување на исти слогови има ритмичко, мелодично и мисловно значење во песната. Римата е еден од важните белези на песната. Римата помага за создавање на паузата. Таа е еден вид звучна стилска фигура. Слоговното совпаѓање во стиховите не е случајно, туку мотивирано од значењето на зборовите што се римуваат, а не од нивната етимолошка сродност. Римувањето може да биде во повеќе комбинации, но основни се три: напоредно, крстосано и обградено.
Оваа статија од областа на книжевноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.