Распад на Отоманското Царство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Распаѓањето на Отоманското Царство го опфаќа периодот од започнувањето на Младотурската револуција во 1908 година, до конечната поделба на империјата во 1922 година. Претходно, пред крајот на 19 век, на Балканот биле создадени три нови држави: Грција, Бугарија и Србија.
Овој период започнал со т.н. Втора уставна ера (турски: İkinci Meşrûtiyet Devri), која придонела за промена на уставот кој бил донесен во 1876 година и создавање на османлиски парламент. Новите држави на Балканот, со поткрепа на Руската Империја сакале целосно да ја протерат османлиската власт во Албанија, Македонија и Тракија. Во 1912 година избувнала т.н. Прва балканска војна, која завршила со потпишување на Лондонскиот мировен договор во 1913 година. Според него, Албанија на 27 декември 1912 била призната за независна држава, а предлогот за Македонија не бил прифатен. Во Тракија, двете главни бугарски војски удриле со сета сила на Лозенград и Одрин. По завршувањето на Првата балканска војна, помеѓу сојузничките сили започнала нова т.н. Втора балканска војна.