Раководители на Македонската револуционерна организација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Раководителите на Македонската револуционерна организација како дејци на една конспиративна организација, дејствувале во една средина која ја разбирале и тоа со малку зборови, вклучени повеќе како во некоја деловна работа. На нивните собранија немале навика, ниту традиција да излегуваат да зборуваат пред собранието или јавно, со говори или излагања, за делото. Раководителите држеле говори, но не ги усвоиле ставовите дека треба да бидат трибуни кои ќе го завладеаат аудиториумот. Тие немале дури ни изгледи на оратори, кои ќе и се допаднат на публиката, тие немале искуство да му ја дадат на говорот онаа форма, која ќе имала достапност до публиката со цел таа да биде придобиена. Раководителите на Организацијата зборувале со срцето. Кај нив говорите имале дејствувачки карактер и тон.