Пчели (Anthophila) се летачки ципокрилни инсекти коишто се блиско поврзани со оси и мравки. Пчелите се најпознати и важни во нивната улога во опрашувањето на разни растенија, а истовремено и за производство на мед и пчелин восок. Пчелите се монофилетска линија од натсемејството Apoidea и моментално се сметаат за клада, наречена Anthophila. Има повеќе од 16.000 позанти видови на пчели во 7 научно признати семејства.[1] Тие се присутни на секој континент освен Антарктикот, односно на секоја средина каде што се присутни скриеносеменици опрашувани од инсекти. Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела (Apis mellifera).[2]

Кратки факти Пчели Период: Креда – денес, Научна класификација ...
Пчели
Период: Креда – денес
Thumb
Пчела, Tetragonula carbonaria
Научна класификација
Семејства
  • Andrenidae
  • Apidae
  • Colletidae
  • Halictidae
  • Megachilidae
  • Melittidae
  • Stenotritidae
Синоними

Apiformes (from Latin 'apis')

Затвори

Некои видови, вклучувајќи ги медоносните пчели, бумбари и пчели без боцки живеат социјално во колонии. Плечите се адаптирани за да се исхранат со нектар и полен, од коишто го користат нектарот главно како извор на енергија додека поленот го користат за белковини и други хранливи материи. Најголемиот дел од поленот се користи како храна за ларвите. Опрашувањето од пчели е еколошки и комерцијално многу важно, а со намалениот број на диви пчели се зголемила значајноста на сандаци за пчели.

Пчелите по големина се од 2 мм по должина кај работниците на некои минијатурни пчели без боцка, до должина од 39 мм кај женските единки на видот Megachile pluto кој се смета за најголемиот вид од семејството Megachilidae. Најчестиот вид на пчели во северната полутопка се Halictidae, кои се мали пчели и често биле погрешно сметани за муви и оси. Грабливци на пчелите ги вклучуваат пчелојадни птици од инсекти се пчелојадни оси и вилинско коњче.

Пчеларството било изведувано со милении, барем од времето на древен Египет и Стара Грција. Освен нивната улога во производство на мед и опрашување, медоносните пчели исто произведуваат восок и пчелин млеч.

Пчелите како тема во уметноста и во популарната култура

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.