Протекционизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Протекционизам (латински: protegere = заштита) — збир на економски мерки со кои една држава се обидува да ограничи пласирање на странски производ на домашниот пазар, односно да го ограничи увозот (кога луѓето купуваат стоки од други земји наместо од сопствени). Тие мерки се наоѓаат во доменот на стратегиските трговски политики и нивната цел е по правило, подобрување на —пласманот на домашните производи, унапредување и подобрување на развојот на поедините стопански гранки како и стопанството во целина. Такви мерки на стратегиска трговинска политика помагаат во развојот на поедини земји во развој во толкава мерка, па некои од нив веќе прераснале во индустриски сили (на пример, Кина).
На пример, ако земјоделците од Србија продаваат пченица по пониска цена од македонските земјоделци, Македонците би купувале повеќе пченица од српските земјоделци отколку од македонските земјоделци, и тие не би добиле многу пари. Придобивките од протекционизмот се дека некои луѓе во една земја би заработиле повеќе пари затоа што би можеле да продаваат работи по повисоки цени, но од друга страна, другите луѓе би изгубиле пари затоа што не би можеле да ги купуваат работите од други земји кои ги продаваат поевтино.