From Wikipedia, the free encyclopedia
Ако за време на ведар летен ден се открие пчелина кошница, може да се види темнозелена смолеста материја со која се залепени платно-покривачите на горните греди на саќните рамки. Тоа е пчелното лепило - прополис.
Инаку зборот прополис доаѓа од грчките зборови про, што значи пред и полис, што значи град. Тој назив доаѓа од тоа што пчелите со прополисот го стеснуваат влезот во пчелиниот град за сите несакани гости.
Со прополисот пчелите ги заѕидуваат пукнатините во кошницата, ги прицврстуваат гредите на рамките на жлебовите на својот восочен дворец, ги полираат ќелиите на саќето кои служат како складишта за мед и поленов прав, како и колевка за ларви. Со прополисот пчелите го обложуваат усмртените животинки кои продреле во кошницата (гуштери, змии и глувци) и на тој начин го спречуваат распаѓањето и трулењето на лешевите, па со тоа го спасуваат многубројното пчелино население во кошницата од непријатната реа и бактериската флора.
Почнувајќи од Аристотел, истражувачите на животот на пчелините семејства во тек на многу столетија ги занимавало прашањето од што пчелите го изработуваат прополисот. Одамна се мислело дека пчелите го собираат прополисот од пупките на врбите, тополите, брезите, смреките, елите, боровите, дивиот костен итн. Американскиот научник Микола Г. Хајдак тврдел дека пчелите го собираат прополисот од пупките на разните билки и дека ја искористуваат и смолата на четинарите. За да го соберат овој градежно-ремонтен материјал пчелите летаат од 10 до 16 часови. Долетувајќи со овој товар во кошницата, собирачките на прополис го предаваат своето бреме на другите пчели, а тие (собирачките) одново се враќаат во работа на собирање на пчелиното лепило. Во секое пчелино семејство само е непознат бројот на пчелите кои се зафатени со собирањето на пчелиното лепило. Се разликува лажен прополис, т.е. оној кој пчелите го донесуваат, и вистинскиот кој пчелите го излачуваат секогаш кога јадат поленов прав. Тенката мембрана на поленовите зрнца содржи извесна количина на смоласта материја-балзам издвоена од поленовите зрнца во процесот на варење на храната (него пчелите го исфрлаат).
Според податоците на низа автори, прополисот просечно содржи 55% смола и балзам, до 30% восок, околу 10% ароматично етерично масло и 5% поленов прав, т.е. содржи комплекс од различни драгоцени материи. Во кошницата восокот и смолата се соединуваат по пат на ситнење во устите на пчелите и на тој начин се добива прополис.
Прополисот може да се применува:
Прополисот е алерген кај многу луѓе.
Професор Б. П. Токин рекол: "Прополисот е всушност чуден комплекс на биолошки активни супстанции".
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.