From Wikipedia, the free encyclopedia
Приближувачка граница (конвергентна граница, активна или деструктивна граница) — подрачје на Земјата каде се судираат две или повеќе литосферни плочи. Една плоча со време ќе се слизе под друга во процес наречен подвлекување (субдукција). Зоната на подвлекување може да се дефинира со рамнина каде се случуваат многу земјотреси, наречена Вадати–Бениофова зона.[1] Овие судири се случуваат во временски размер од милиони до десетици милиони години и водат до вулканизам, земјотреси, орогенеза (горообразба), уништување на литосфера и изобличување. Приближувачките граници се јавуваат меѓу океанско-оканската, океанско-континенталната и континентално-континенталната литосфера. Геолошките образби кои произлегуваат од приближувачките граници се разликуваат според видот на кората.
Тектониката на плочите ја движат струјни ќелии во плаштот. Струјните ќелии се производ на топлината што ја создава радиоактивниот распад на елементите во плаштот кои излегуваат на површината и повратокот на ладен материјал од површината во плаштот.[2] Овие струјни ќелии го носат врелиот плаштен материјал на површината долж центри на ширење, создавајќи нова кора. Како што оваа нова кора се истиснува од центарот на ширење со создавањето на нова кора, таа се разладува, се истенчува и станува погуста. Подвлекувањето почнува кога оваа дебела кора се спојува со помалку густа кора. Земјината тежа помага во набивањето на подвлекувачката плоча во плаштот.[3] Кога релативно ладната подвлекувачка плоча тоне подлабоко во плаштот, таа се загрева, предизвикувајќи разградување на водоносните минерали. Овај ја ослободува водата во поврелата астеносфера, што води до делумно топење на астеносферата и вулканизам. Сушењето и делумното топење се одвиваат долж изотермата 1000 °C, на длабочина од 65 до 130 км.[4][5]
Некои литосферни плочи се состојат од континенталната и океанската литосфера. Во некои случаи, првичното приближување со друга плоча ја уништува океанската литосфера, што води до приближување на две континентални плочи. Ниедна од плочите нема да се подвлече. Веројатно е дека плочата ќе се скрши долж границата на континенталната или океанска кора. Парчињата скршени од литосферата за време на приближувањето се гледаат со сеизмичка томографија.
Зоните на подвлекување се подрачја каде една литосферна плоча се лизга под друга во приближувачката граница поради густинскта разлика на литосферата. Плочите се навалени под агол од 45°, но ова може да се разликува. Зоните на подвлекување често се одликуваат со изобилство од земјореси, последица од внатрешно изобличување на плочата, приближување со спротивната плоча и свиткување во океанскиот ров. Забележани се земјотреси на длабочина до 670 км. Релативно студените и густи подвлекувачки плочи се вовлекуваат во плаштот и помагаат во пробивот на струењето во него.[6]
Во судир на две океански плочи, постудената и погуста океанска литосфера тоне под потоплата и помалку густа океанска литосфера. Како што плочата тоне подлабоко во плаштот, таа ослободува вода од сушењето на водоносните минерали во океанската кора. Оваа вода ја намалува температурата на топење на карпите во астеносферата и предизвикува делумно топење. Делумната топеница оди нагоре низ астеносферата, за на крај да дојде до површината и да образува вулкански островски лакови.
Кога се судираат океанска и континентална литосфера, густата океанска литосфера се подвлекува под помалку густата океанска. На континенталната кора се образува насобирачка призма кога длабокоморските талози и океанската кора are scraped from the oceanic plate. Volcanic arcs form on continental lithosphere as the result of partial melting due to dehydration of водоносните минерали of подвлекувачката slab.
Некои литосферни плочи се состојат и од континентална и од океанска кора. Подвлекувањето поттикнува пролизгување на океанската литосфера под континенталната. Како што океанската литосфера се подвлекува во поголеми длабочини, приврзаната континентална кора се повлекува поблиску до зоната на подвлекување. Штом континенталната литосфера ќе стаса во зоната на подвлекување, процесите на подвлекувањето се менуваат, што се должи на фактот што континенталната литосфера е попловна и дава отпор на подвлекувањето под другата континентална литосфера. Мал дел од континенталната кора може да се подвлече сè додека не пукне плочата, овозможувајќи ѝ на океанската литосфера да продолжи да се подвлекува, врелата астеносфера да се издига и да ја полни празнината, а континенталнта литосфера да се поврати.[7] Докази за овој континентален повраток се метамофрните карпи под ултрависок притисок, кои се образуваат на длабочина од 90 до 125 км, и се изложуваат на површината.[8]
Океанската кора содржи хидрирани минерали како амфиболните и лискуновите групи. Во текот на подвлекувањето океанската литосфера се загрева и метаморфозира, предизвикувајќи разградување на овие водоносни минерали, што ослободува вода во asthenosphere. Тоа ослободувањето на вода води до делумно топење. Делумното топење овозможува издигање на попловен врел материјал и може да причини вулканизам на површината и наставање на плутони во потповршината.[9] Овие процеси кои создаваат магма не се наполно проучени.[10]
Онаму каде овие магми ќе стасаат до површината, тие создаваат вулкански лакови. Вулканските лакови може да се образуваат како ланци од островски лакови или како лакови на континенталната кора. Кај лаковите се среќаваат три магматски низи на вулкански карпи. Хемиски редуцираната теолитска магматска низа е најсвојствена за океанските вулкански лакови, макар што ова се среќава и кај континенталните вулкански лакови над брзо подвлекување (>7 см годишно). Оваа низа е релативно сиромашна со калиум. Пооксидираната варовно-алкална низа, која е умерено збогатена со калиум и нескладни елементи, е својствена за континенталните вулкански лакови. Алкалната магматска низа (многу збогатена со калиум) понекогаш е присутна во подлабоката континентална внатрешност. Шошонитската низа, која е крајно богата со калиум, е ретка, но понекогаш се среќава во влуканските лакови.[5] Типично најзастапен е андезитниот член на секоја низа,[11] и преодот од базалтниот вулканизам на слабокиот тихоокеански басен кон андезитскиот вулканизам во околните влукански лакови се нарекува „андезетска линија“.[12][13]
Задлачните басени се образуваат зад вулкански лак и се поврзани со протегачка тектоника и голем проток на топлина, каде се среќаваат центри на ширење на морското дно. Овие центри се налик на средноокеански гребени, иако магматскиот состав на задлачните басени е обично поразновиднаи содржи повеќе вода отколку магмите на средноокеанските гребени.[14] Задлачните басени често се одликуваат со тенка и врела литосфера. Може да дојде до нивно отворање, предизвикано од движењето на врела астеносфера во литосферата, предизвикувајќи проширување.[15]
Океанските ровови се тесни топографски низини кои бележат приближувачки граници или зони на подвлекување. Широки се од 50 до 100 км и долги до неколку илјадници километри. Се образуваат како последица од искривување на подвлекувачката плоча. Нивната длабочина зависи од староста на океанската литосфера која се подвлекува.[5] Талогот што ги полни рововите е различен и обично зависи од количината која ја дотураат околните подрачја. Маријанскиот Ров е океански ров и најдлабока точка на Земјата, со длабочина од околу 11.000 м.
Земјотресите се чести долж приближувачките граници. Подрачјето на голема трусност наречено Вадати-Бениофовата зона, се вовлекува под агол од 45° и ја бележи подвлекувачката плоча. На работ на ова подрачје земјотресите се јавуваат до длабочина од 670 км.
Долж приближувачките граници дејствуваат и набивни и истегнувачки сили. На внатрешните ѕидови на рововите, до набивно раседнување или обратно раседнување доаѓа со релативното движење на двете плочи. Обратното раседнување го изринува океанскиот талог и предизвикува создавање на насобирачка призма. Обратното раседнување води до мегаземјотреси. Напрегнатото или нормално раседнување се одвива на надворешниот ѕид на ровот, веројатно поради виткање на плочата што оди надолу.[16]
Мегаземјотресот може да предизвика ненадејно вертикално преместување на голема површина на океанскот одно. Ова од своја страна создава цунами.[17]
Најразорните природни катастрофи се должат на процеси на приближувачката граница. Земјотресот и цунамито во Индискиот Океан во 2004 г. е предизвикан од мегаземјотрес на приближувачката граница на Индиската Плоча и Бурманската Миркоплоча, со 200.000 загинати лица. Цунамито во Јапонија во 2011 г. кое усмртило 16.000 лица и причинило штета од 360 милијарди долари било предизвикано од мегаземјотрес од 9. степен долж приближувачката граница на Евроазиската со Тихоокеанската Плоча.
Насобирачките призми (наречени и клинови) се создаваат на континенталната кора кога подвлекувачката литосфера ги рине длабокоморскиот талог и океанската кора, па ги наставање врз натпоставената литосфера. Овие талози вклучуваат магматска кора, турбидитни и отвореноморски талози. Преклопноо навлекување долж основната придвижувачка површина се случува во насобирачките призми бидејќи силите продолжуваат да ги набиваат и раседуваат овие новододадени талози.[5] Постојаното раседнување на насобирачката призма води до општо задебелување на призмата.[18] Топографијата на морското дно изгра извесна улога во насобирањето, особено наставањето на магматска кора.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.