Претсократовци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Претсократовци — збирен назив за филозофите што делувале пред Сократ или негови современици, но изложувајќи сфаќања формирани пред тоа. Изразот води потекло од делото Die Fragmente der Vorsokratiker (Фрагментите на претсократовците, 1903) од Херман Дилс.
Понекогаш е тешко да се одреди линијата на аргументирање на некои претсократовци со кои ги излагале своите гледишта. Додека највеќето од нив пишувале значајни дела, ниедно од тие дела не е зачувано во целост. Сѐ што имаме се само нивни циирања од страна на подоцнежни филозофи и историчари и по некој писмен фрагмент.
Претсократовците ги отфрлале традиционалните митолошки верувања за природните појави во нивното окружување и барале порационални објасненија. Многу од нив ги поставувале прашањата:
- Од каде потекнува сѐ околу нас?
- Од што е сѐ создадено?
- Како да си ја објасниме многубројноста на нештата во природата?
- Како да се претстави природата математички?
Други пак се задржале на дефинирање на проблеми и парадокси кои станале основа за подоцнежните математички, научни и филозофски изучувања. Се разбира, треба да се спомне дека космологиите на раните грчки филозофи денес се преработени со гледишта засновани на научни факти. Подоцнежните филозофи ги отфрлиле многу од одговорите на претсократовците, но и понатаму продолжиле да оддаваат значење на прашањата со кои тие се занимавале.