Правокрилци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Правокрилците (научно: ред Orthoptera) се група на инсекти кои подлежат на нецелосна метаморфоза во нивниот развиток. Овој ред е поделен на два подреда, и тоа:
- Ensifera, каде припаѓаат штурците и зелените скакулци (со разни видови) и
- Caelifera, каде припаѓаат обичните скакулци.
Кратки факти Правокрилци Период: Карбон – денес, Научна класификација ...
Правокрилци Период: Карбон – денес | |
---|---|
Gryllotalpa gryllotalpa. | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Поткласа: | Pterygota |
Инфракласа: | Neoptera |
Надред: | Orthopteroidea |
Нерангирано: | Exopterygota |
Ред: | Orthoptera Latreille, 1793 |
Рецентни подредови и натсемејства | |
Подред Ensifera
Подред Caelifera
|
Затвори
Многу инсекти од овој ред произведуваат звук (процес познат како ,,стридулација‘‘) со меѓусебно триење на нивните крила или нозе, при што и на двете се наоѓаат брановидни испапчувања. Тимпанумот (тапанчето) или увото се наоѓа на предната тибија кај штурците, и на првиот абдоменален сегмент кај скакулците. Овие организми користат вибрации за да ги лоцираат другите единки.
Претставниците од овој ред можат да ги свиваат своите крила, што ги прави дел од групата Neoptera.