Полска на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Предлошка:Полска на Олимпијада
Полска за првпат учествувала на Летните олимписки игри во 1924 година кои се одржале во Париз. Оттогаш, Полска има пропуштено само едни игри, како дел од земјите кои ги бојкотирале Летните олимписки игри - 1984 во Лос Анџелес.
На Зимските олимписки игри, Полска учствувала уште од првите игри, одржани во Шамони во 1924 година и оттогаш учествувала на сите олимпијади.
Полска никогаш не била земја-домаќин на Олимписките игри.
Првиот златен медал за Полска на Олимписките игри го донела Халина Конопацка, која на Летните олимписки игри 1928 во Амстердам победила во дисциплината фрлање диск. Полските спортисти заклучно со 2008 година освоиле вкупно 269 медали, од кои 261 на Летните олимписки игри и 8 на Зимските олимписки игри.
Националниот олимписки комитет на Полска (полски: Polski Komitet Olimpijski) бил основан и истата година признаен од страна на МОК во 1918 година.