From Wikipedia, the free encyclopedia
Политичката организација во Канада функционира во рамките на парламентарна демократија и федерален систем од парламентарна влада со цврста демократска традиција. Канада е уставна монархија во којашто Монарх стои на чело на државата. Земјата има повеќе-партиски систем во кој голем дел од работата на законодавството произлегува од непишани конвенции и преседани поставени од Парламентот на Велика Британија во Вестминстер. Сепак, Канада има развиено некои свои варијанти: партиската дисциплина во Канада е посилна од онаа во Обединетото Кралство и многу од парламентарните гласови се сметаат за гласови за не-доверба чија тенденција е да се намали улогата на гласовите на не-членовите на Кабинетот на Парламентот (пратеници). Таквите членови во владината групација и помладите или членовите на опозициската групација со помал профил се познати како бекбенчери (членови кои немаат официјално место во владата). Сепак бекбенчерите можат да влијаат седејќи во парламентарните комисии како и во Комисијата за јавни сметки или во Националната комисија за одбрана. Историски двете доминантни партии во Канада се Либералната партија на Канада и Конзервативната партија на Канада (или нејзините претходници), а по изборите во 2011 година социјал-демократската партија Нова Демократија (НДП) се истакна на највисоко. Помалите партии како Националистичкиот Блок на квебекчани и Партијата на зелените на Канада можат да влијаат врз политичкиот процес. Содржина
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
1 Содржина
2 Резиме на владината организација
2.1 Монархија
2.2 Извршна власт
2.3 Законодавна власт
2.4 Мнозински и малцински власти
3 Федерално – провинциски однос
3.1 Политика на Квебек и Канада
4 Национално единство
5 Политички услови
5.1 Реорганизација: Конзервативците на власт
5.2 Партиски финансиски реформи
6 Избори
6.1 Политички партии, водачи и статус
6.2 Дебати на водачите
7 Судство
8 Владини институции и структура
8.1 Крунска корпорација и други владини агенции
9 Поврзано и
10 Наводи
11 Дополнителна литература
12 Надворешни врски
Содржина Владината структура на Канада е основана од Британскиот Парламент преку Британскиот Северно Американски Акт (познат како Уставен Акт од 1867 година), но федералниот модел и поделбата на власта е измислена од Канадските политичари. Особено по Првата светска војна граѓаните на самоуправувачките господства, како што е Канада, почнале да развиваат чувство на идентитет и во Декларацијата Балфур од 1926 година Британската влада ја изразила својата намера на овие региони да им даде целосна автономија. Така во 1931 година, Британскиот Парламент го донесе Статутот на Вестминстер законски признавајќи ја автономијата на Канада и на другите територии. По ова канадските политичари не биле во можност да добијат консензус за процесот за измена на Уставот до 1982 година, што значи дека до тој датум Канада продолжила да бара одобрување од страна на британскиот парламент за измените во Уставот. Слично на тоа, Судскиот Комитет на Кралскиот Совет во Британија до 1933 година продолжува да донесува конечни одлуки за кривичните жалби, а до 1949 година за граѓанските жалби.
Резиме на владината организација Име Канада (за конвенцијална и законска употреба името ,, Доминион на Канада“ останува законско, но ретко се користи).
Тип на влада Вестминстерски стил на федерална парламентарна демократија во рамките на уставна монархија.
Главен град Отава, Онтарио. Административни поделби Десет провинции и три територии: Алберта, Британска Колумбија, Манитоба, Њу Брунсвик, Њуфаундленд и Лабрадор, Северозападни Територии, Нова Шкотска, Нунавут, Онтарио, Островот на Принц Едвард, Квебек, Саскачеван, Јукон.
Државен празник Денот на Канада, 1 јули (до 1982 година познат како Доминион Ден).
Устав Вестминстерски систем, кој се заснова на непишани конвенции и пишано законодавство.
Правен систем Англиското обичајно право коешто задолжително ја прифаќа надлежноста на Меѓународниот суд на правдата се користи за сите прашања во рамките на федералната надлежност во сите провинции и територии освен во Квебек кој се заснова на граѓанското право кое потекнува од Париз во пред-револуционерната Франција и е поставено како Граѓански законик на Квебек.
Право на глас Граѓани на возраст од 18 години или постари. Само двајца возрасни граѓани во Канада не можат да гласаат: Главниот изборен директор и заменик шефот на изборниот директор. Генералниот гувернер има право да гласа, но не го прави тоа како резултат на уставната конвенција.
Учество во меѓународни организации ABEDA (Арапска банка за економски развој во Африка), ACCT (Канадска академија за кино и телевизија), ACS набљудувачи (здружение на карибските држави), AfDB (Африканска банка за развој), APEC (Африканско-Тихоокеанска економска соработка), AsDB, Австралиска групација, BIS, C, CCC, CDB не регионална (Карибиска банка за развој),Совет на Европа (набљудувач), Заедница на нациите, EAPC, EBRD, ECE, ECLAC, ESA држава соработник (Европска вселенска агенција), FAO (Организација за храна и земјоделство), Франкофонија, G8 (Група на 8 држави), G10 (Група од 10 држави), IADB, IAEA, IBRD, ICAO, ICC (меѓународна комора за трговија), ICCt(меѓународен криминален суд), ICJ (меѓународен суд за правда), ICFTU, ICRM, IDA (меѓународно здружение за развој), IEA, IFAD, IFC, IFRCS, IHO, ILO (меѓународна организација за труд), IMF (меѓународен монетарен фонд), IMO, Inmarsat (британска компанија за сателитски телекомуникации), Intelsat (меѓународна телекомуникациска сателитска организација), Интерпол, IOC (меѓународен олимписки комитет), IOM, ISO, ITU, Кјото протокол, LRTAP (Конвенција за долгорочно прекугранично загадување на воздухот), MINURCA, MINURSO, MIPONUH, MONUC, NAM (гости), NAFTA (Североамерикански договор за слободна трговија), НАТО, NEA, NORAD Североамериканска команда за воздушна одбрана, NORTHCOM, NSG, OAS (Организација на Американските држави), OECD (Организација за економска соработка и развој), OPCW, OSCE (Организација за безбедност и соработка во Европа), PCA, UN, Безбедносен совет на Обединетите Нации, UNCTAD, UNDOF, UNECE, Унеско, UNFICYP, UNHCR, UNIDO, UNIKOM, UNMIBH, UNMIK, UNMOP, UNTAET, UNTSO, UNU, UPU, WCL, WFTU, WHO (Светска здравствена организација), WIPO, WMO, WTO (Светска трговска организација), Комитетот Зангер.
Опис на националното знаме Црвен јаворов лист центриран на Канадското бело: три вертикални црвени ленти (странично издигнати), бела (дупло поширок квадрат) и црвена со должина двапати поголема од нејзината ширина.
Монархија Шеф на државата Елизабета II, кралица на Канада (од 6 февруари 1952 година) Поткрал Дејвид Лојд Џонсон, генерален гувернер на Канада (од 1 октомври 2010 година)
Извршна власт Шеф на владата Премиерот Стефан Харпер (од 6 февруари 2006 година)
Кабинет Министри (обично околу 30) избрани од премиерот, а назначени од генералниот гувернер за да раководат со различни министерства или агенции, најчесто застапувајќи некои региони. Традиционално, повеќето, ако не и сите министри ќе бидат членови на партијата на водачот во Долниот Дом. Сепак, ова не е правно или уставно задолжително, па така понекогаш премиерот може и да назначи министри од друга партија. Избори Монархијата е наследна. Генералниот гувернер е назначен од монархот по совет на премиерот на неопределен рок иако традиционално тој рок е приближно пет години. По парламентарните избори, водачот на мнозинската партија во Долниот Дом е назначен од страна на Генералниот гувернер и станува Премиер. Законодавна власт Дводомниот парламент во Канада се состои од три дела: Монарх, Сенат и Долниот дом. Во моментов Сенатот, којшто често го опишуваат како оној кој обезбедува регионално претставување, има 105 членови кои ќе служат до 75 годишна возраст а се именувани од Генералниот Гувернер по совет на Премиерот. Тој е формиран со еднаква застапеност на членови од Онтарио, Квебек, Поморскиот регион и Западните провинции. Сепак, во моментов постојат разновидни специфични исклучоци, дополнувања и компромиси што значи дека регионалната еднаквост не се почитува, ниту пак нејзината претставеност од населението. Нормалниот број на сенатори може да биде надминат од монархот по совет на премиерот, сè додека соодветните сенатори подеднакво се распределени по регионите (вкупно до 8 соодветни сенатори). Моќта на дополнителните назначувања се искористи само еднаш, кога премиерот Брајан Мулони прати петиција до кралицата Елизабета Втора да додаде осум места во Сенатот за да се осигура движењето на добра и услуги во законодавното оданочување. Во моментов Долниот дом има 308 членови, избрани преку систем на мнозинско гласање, по еден член од секоја единица, што значи членовите мораат да го добијат поголемиот дел од гласовите (најмногу гласови од сите кандидати), а не мнозинство (50 % плус еден). Изборните единици се познати и како државни единици. Мандатите не смеат да надминат 5 години. Мора да се одржи избор на крајот од овој период. Само еднаш до сега овој фиксен мандат беше надминат, кога премиерот Роберт Борден ја согледал потребата од ова надминување, за време на Првата светска војна. Во секоја провинција, големината на домот и распределбата на местата за седење се ревидира по секој попис на населението, кој се спроведува на секои пет години, и се заснова на промената на бројот на населението и приближната застапеност на истите. Мнозински и малцински влади Канаѓаните гласаат само за нивните локални членови на Парламентот. Партиските водачи се избираат пред општите избори од страна на членовите на партијата. Партиите ги избираат своите водачи во вториот круг од изборите за да се осигураат дека победникот ќе добие повеќе од 50 % од гласовите. Нормално, водачот на партијата е кандидатот за пратеник за време на изборите. Изборот на локален пратеник му дава место на еден од неколкуте политички партии. Нормално дека партијата што ќе добие најмногу пратенички места, формира влада, а водачот на таа партија станува премиер. Премиерот не е директно избран од населението, иако премиерот е директно избран за пратеник во рамките на неговата/нејзината изборна единица. Парламентарниот систем на Канада им дава овластувања на политичките партии и нивните водачи каде што партијата која го добива мнозинството од местата во Долниот дом, за неа се вели дека има ,, мнозинска влада“. Преку партиската дисциплина, водачот на партијата кој е избран само во првиот круг врши голема контрола врз владата и парламентот. Ситуацијата на малцинска влада се случува кога партијата која има најмногу пратенички места во Долниот дом има помалку места во споредба со опозициските партии заедно. Во оваа ситуација, водачот на партијата е избран од Генералниот гувернер да ја води владата, меѓутоа во обидот да создаде стабилност избраното лице мора да добие поддршка и од најмалку една друга партија.
Федерално-провинциски однос Во Канада провинциите се сметаат за независни. Независноста на провинциите им е предадена и тоа не од Генералниот гувернер или од Канадскиот парламент туку од самата кралица. Тоа значи дека круната е поделена на 11 правни надлежности, 11 ,, Круни” – една федерална и десет провинциски. Федерално-провинциските (меѓувладините, поранешните Доминион-провинцијални) односи се главно прашање во Канадската политика: Квебек сака да ја зачува и да ја зацврсти својата различна природа, западните провинции посакуваат поголема контрола врз нивните природни ресурси во изобилие, особено резервите со енергија, индустријализираната Централна Канада се занимава со производствената база, а Атлантските провинции се стремат да избегаат од тоа да бидат помалку влијателни од останатите земји. Со цел да се осигураат дека социјалните програми како што се здравствената нега и образование постепено се основани низ цела Канада, провинциите ,,кои немаат” (сиромашните) пропорционално добиваат поголем дел од федералните ,,преносни плаќања” во споредба со богатите, или провинциите ,,што имаат”. На некој начин ова е контраверзно. Побогатите провинции често претпочитаат замрзнување на преносните плаќања, или ребаланс на системот во нивна корист кои се заснова на тврдењата дека тие веќе плаќаат повеќе даноци отколку што добиваат преку услугите од федералната влада, а посиромашните провинции честопати претпочитаат пораст врз основа на тоа што сумата на пари што ја добиваат не е доволна за нивните потреби за опстанок. Особено во последната декада, некои интелектуалци велеа дека практиката на федералната влада за нејзината неограничена уставна моќ на трошење придонесе за да се затегнат федерално-провинциските односи. Оваа моќ која и дозволува на федералната влада да го троши собраниот приход за се она што ја задоволува, и дозволува да ја прегази уставната поделба на моќта создавајќи програми кои ги ограничуваат областите кои се под провинциска надлежност. Федералната моќ за трошење не е претставена во Уставниот Акт од 1867 година, сепак според зборовите на Апелациониот суд од Онтарио, моќта може да се заклучи, од с.91 (1А) ,,долгот и имотот на народот”. Прв пример за практикувањето на трошечката моќ е Канадскиот здравствен акт кој е уставно одобрение на пари за провинциите. Регулирањето на здравствените услуги, според Уставот, е одговорност на провинциите. Сепак правејќи ги фондовите достапни за провинциите според Канадскиот здравствен акт контигентот за достава на услугите според федералните стандарди, федералната влада има право да влијае врз доставата на здравствените услуги. Моќта на трошење поврзана со владеењата на Врховниот суд, како што е Референца на Канада за план за повторна помош кои ги одржувале таквите финансирања, а кои произлегле од моќта на трошење и кои можат еднострано и во кое било време да се намалат, придонеле за да се зајакнат односите меѓу федерацијата и провинциите. Политиката на Квебек и Канада Освен три краткотрајни транснационални или мали влади, премиери од Квебек раководеле со Канада постојано од 1968 до почетокот на 2006 година. Квебекчаните биле на чело на Либералните и Прогресивно Конзервативните влади во тој период. Од Монархот, Генералните гувернери и од премиерите не се очекува да бидат малку функционални, ако не се влијателни, помеѓу англичаните и Французите. Во одбирањето на водачите, политичките партии предност им даваат на кандидатите кои флуентно ги разбираат и двата јазици. Исто така, со закон, три од деветте места во Врховниот Суд мора да им бидат доделени на судии од Квебек. Оваа застапеност обезбедува сигурност дека барем најмалку тројца судии ќе имаат доволно искуство во граѓанското право за да работат со случаи кои ги засегаат законите на Квебек.
Национално единство Канада има долга историја на сецесионистички движења. Националното единство е најголем проблем за Канада уште од присилното соединување на Горна и Долна Канада во 1849 година. Предоминантното и долготрајното прашање што го загрижувало националното единство на Канада е постојан конфликт помеѓу населението кое што зборува француски, најмногу населено во Квебек, и населението што зборува англиски и се наоѓа во останатиот дел на Канада. Населението во Квебек продолжило да бара признавање на нивното ,,различно општество” преку специјални политички статуси кои доведувале до обиди за реформи на уставот, кои најмногу се забележуваат при пропаднатите обиди за измени на уставот преку Договорот Мич Лејк и Шарлоттаон Договорот. Уште од Тивката револуција чувствата на соверенитет во Квебек повремено биле поттикнувани одКанадскиот Устав од 1982 година и од пропаднатите обиди за реформи на уставот. Два провинциски референдуми, во 1980 и во 1995 година ги одбиле предлозите за суверенитет со мнозинство од 60% и од 50.6%. Со тесната федерална победа во 1995 година, во 1998 година била дадена препорака од владата Шретиен до Врховниот Суд на Канада која се однесувала на легалитетот на едностраното провинциско отцепување. Судот одлучик дека еднострана декларација за отцепување не би била според Уставот. Ова резултирало со донесувањето на Кларити Актот во 2000 година. Блокот на Квебекчаните, суверенитетна партија која кандидира свои кандидати исклучиво во Квебек, била основана од група на членови на парламентот кои ја напуштиле прогресивно-конзервативната партија (заедно со неколку членови на парламентот од Либералната партија) и за првпат предложиле свои кандидати за федерални избори во 1993 година. Со колапсот на прогресивно-конзервативната партија на тие избори, Блокот и Либералите се сметале за едни од двете можни партии во Квебек. Затоа пред изборите во 2006 година, победата на една партија би била трошок за другата, потпирајќи се на тоа дали националното единство е навистина проблем. Потоа Блокот бенифицирал ( со значителен порас на вкупниот број на освоени места) од шпекулациите за корупција во водството во Либералната партија на изборите од 2004 година. сепак, новообединетата Конзервативна партија повторно се појавила како проблем како возможна партија во Квебек со нејзиното освојување на 10 седишта на изборите од 2006 година. На изборите во 2011 година, партијата Нова Демократија успеала да добие 59 од 75 седишта во Квебек, успешно намалувајќи го бројот на седишта на сите други партии поединечно. Партијата Нова Демократија речиси и го уништила Блокот, намалувајќи им го бројот на 4 седишта, што е многу под минимумот од потребните 12 седишта за статусот на официјална партија. Западното отуѓување е друг концепт кој се однесува на националното единство што влегува во Канадската политика. Жители на четирите запарни провинции, особено на Алберта, честопати биле несреќни со недостиг на влијание и значителен недостиг на разбирање кога жителите на Централна Канада се занимавале со државни проблеми. Иако сето ова се одиграло надвор од многуте патишта (медиуми, трговија итн.), во политиката тоа довело до пораст на бројот на политичките партии чија основна изборна единица била во западниот дел на Канада. Ова ги вклучува: Обединетите фармери од Алберта, кои во 1917 година за првпат добиле федерални места, прогресивците (1921 година), социјал-кредитната партија (1935 година), ко-оперативната комонвелт федерација (1935 година), партијата на реконструкцијата (1935 година), Нова Демократија (1940 година) и во последно време Реформската партија (1989година). Слоганот за реформите на партијата ,, Запад сака во” се слушаше од коментаторите кога по успешното спојување со пратениците како наследна партија на двете партии била Конзервативната партија која победила во изборите од 2006 година. Предводени од Стефан Харпер, кој е пратеник од Алберта, за победата на изборите се вели дека произлегла од слоганот Западот е во. Сепак без оглед на поединечни успеси или неуспеси на изборите, концептот на западното оттуѓување продолжил да биде важен за политиката на Канада, особено на провинцијално ниво, каде што спротивставувањето на федералната влада е честа тактика за провинциските политичари. На пример, во 2001 година, група од проминентни жители на Алберта ја произвеле агендата Алберта, настојувајќи Алберта да преземе мерки за целосна употреба на уставните овластувања, како што имаше направено Квебек.
Политички услови Многу извори ја сметаат Канада како многу стабилна демократија. Во 2006 година, Економист ја рангирал Канада како трета најдемократска нација во неговиот Демократски индекс, пред сите други нации во Америка и пред секоја нација која е многу попопуларна од неа. Во 2008 година Канада беше рангирана како светски број 11 и повторно пред сите други земји кои во Америка се на прво место по популарност. Либералната партија на Канада, под раководство на Пол Мартин, на генералните избори во јуни 2004 година добила минимална победа. Во декември 2003 година, Мартин имал успешен пријател, Либералот Жон Шретиен кој во 2000 година стана првиот премиер кој има предводено три последователни влади уште од 1945 година. Сепак, во 2004 година, либералците ги изгубиле нивните места во парламентот, од 172 од вкупни 301 место, паднале на 135 од вкупни 308 места, или од 40.9% на 36.7%. Канадската алијанска која на изборите во западна Канада во 2000 година помина многу добро, но не беше способна да оствари значаен прилив на Исток, се спои со Прогресивно-Конзервативната партија за подозна во 2003 година да ја формира Конзервативната партија на Канада. Тие докажале дека во кампањата од 2004 година умерено станале поуспешни, добивајќи места од комбинираните пратеници на Алијанската, во 2000 година вкупно 78 до 99 во 2004 година. Сепак, новите конзервативци загубиле на народното гласање, од 37.7% во 2000 година на 29.6%. Во 2006 година конзервативците, раководени од Стефан Харпер го добиле малцинството од владата т.е 124 седишта. Тие го подобриле нивниот процент од 2004 година, добивајќи 36.3% од гласовите. За време на изборите, конзервативците исто така направиле пробив во Квебек. Тие добиле 10 седишта таму каде што во 2004 година немале ниту едно седиште. Во изборите од 2011 година, конзервативците го добиле мнозинството од владата со 176 седишта. За првпат партијата Нова Демократија стана официјална опозиција со 102 седишта, а либералите станале трети со 34 седишта. Ова се првите избори на кои Зелената партија доби едно седиште, она на водачот Елизабет Меј, Блокот доби 4 седишта со тоа што го загуби статусот на официјална партија.
Реорганизација: Конзервативците на власт Либералната партија, по доминирањето во Канадската политика од 1920 година, во 21 век е во опаѓање. Како што заклучува Ланд, тие го изгубија нивното мнозинство во парламентот по изборите од 2004 година, беа поразени во 2006 година а во 2008 година станаа нешто малку повеќе од ,,задница”, така што паднаа до нивната најмала бројка на седишта со околу 26% од гласовите. Понатаму како што вели Ланг, нејзиниот изглед е ,,најмрачен, како што никогаш до сега не бил”. На изборите што се случија на 2 мај во 2011 година, либералците страдаа од ужасен пораз, успевајќи да обезбедат само 18.9% од гласовите и само 34 седишта. Како резултат на тоа, либералците го загубија нивниот статус на официјална партија. Во објаснувањето на овие трендови, Бехилс синтетизира неодамнешни поголеми студии и извештаи според кои ,,голем број на новинари, политички советници и политичари тврдат дека нова парадигма на политичка партија ќе постои”, односно дека Канада одамна претпре голема пресвртница во политичкото групирање, вид на политички пресврт што ретко се случува и често трае многу години. Во однос на резултатите од националите избори во 2004, 2006 и 2008 година, како и политичкото опстојување на Стефан Харпер, многу канадски експерти, како што вели Бехилс се усогласија. Тие гледаат нова конфигурациска сила врз основа на десничарската политичка партија која е способна за нагло менување на традиционалната улога на државата (федералната и провинциската) во дваесет и први век. Бехилс вели дека за разлика од Брајан Мулрони кој се обиде, но не успеа да ја предизвика долго доминантната партија на Либералите, обидот на Харпер досега се покажа поенергичен, систематски и успешен. Блумфилд и Носал укажуваат на тоа дека новата политичка усогласеност ја преобликува надворешната политика на Канада, особено во подобрувањето на односите со Обединетите Нации, заземањето на потешка улога во конфликтите на Блискиот Исток и поддржувањето на Протоколот од Кјото за глобалното затоплување. Во однос на внатрешната политика, Доерн и Стони истражија како прегрупирањето ја преобликува политиката на трошење, особено стимулираното трошење за инфраструктура, што ја држи Канада имуна на економската рецесија со која се соочуваат САД и Европската Унија. По изборите во 2011 година многу коментатори главно ја истакнаа темата за прегрупирање. Економист вели ,,изборите го претставуваат најголемото прегрупирање на политиката на Канада уште од 1993 година”. Лоренс Мартин, коментатор за Глоуб и Меил рече:,,Харпер изврши значителна реконструкција на Канадскиот политички пејзаж која трае повеќе од еден век. Прегрупирањето од две стари партии ја гледа модерната средина, Прогресивно-Конзервативците и Либералите, било да се елиминирани или маргинализирани”. Маклин изјави дека изборот означен како ,,невидено прегрупирање на канадската политика” како ,,Конзервативците сега се во позиција да ги заменат Либералите како природна владеачка партија во Канада”.
Партиски финансиски реформи Финансиските промени беа направени за да се обезбеди поголема потпора врз личните придонеси. Личните донации на федерални партии и кампањи имаа даночни олеснувања, иако износот на даночното олеснување зависи од дадената сума. Исто така, само луѓето кои плаќаат данок на доход добиваат некаква корист од ова. Еден добар дел од причината за промена на финансирањето е дека сојузното или бизнис финансирањето не треба да се дозволи да има големо влијание врз финансирањето на федералните избори, бидејќи ова не се придонеси од граѓаните и не се шират рамномерно меѓу партиите. Сè уште им е дозволено да даваат придонеси за изборите но само во мал износ. Според новите правила една партија мора да добие 2% од гласовите на национално ниво со цел да си обезбеди партиско федерално финансирање. Секој глас носи по околу долар за партијата (приближо 1.75) во нејзиното идно финансирање. За првичната исплата, се прават приближни вредности врз основа на претходните избори. Партијата Нова Демократија доби повеќе гласови отколку што очекуваше (нејзиниот национален дел од гласовите се покачи) додека пак новата Конзервативна партија на Канада доби помалку гласови отколку што се проценуваше и од нив беше побарано да ја вратат паричната разлика. Провинцијата Квебек беше првата провинција која воведе сличен систем на финансирање и тоа многу години пред да се направаат промените за финансирање кај федералните партии. Федералните фондови на партиите им се исплаќаат квартално, почнувајчи од почетокот на 2005 година. За момент, ова задоцнето плаќање ги остава НДП и Партијата на зелените да се борат за подобри услови на изборите, бидејќи тие повеќе се потпираат на поединечни соработници отколку на федералните фондови. Партијата на зелените сега добива федерални фондови, откако за првпат доби доволен број од гласовите во изборите во 2004 година. Во 2007 година вестите говореа за дупка во финансирањето која ,,кумулативно може да ги надмине правните граници за повеќе од 60 000 долари” преку анонимно собирање на донации од 200 долари за секоја партија од корпорации или унии.
Избори • Избори • Долниот Дом – директна мнозинска застапеност (последните избори одржани на 2 мај 2011 година) • Сенатот – назначени од страна на Генералниот гувернер по совет на премиерот • Резултати од изборите
Резиме на Долниот Дом на изборните резултати од 2 мај 2011 година Партија
Водач на партијата Кандидати Број на седишта
2008 40 2011 % промена % седишта Гласови од народот
≠ % промена % %
Конзервативна Стефан Харпер 307 143 143 166 +16.08% 53.90% 5.832.401 +623 39.62 % +1.97 Нова Демократија Џек Лејтон 308 37 36 103 +178.38% 33.44% 4.508.474 +1.993.186 30.63% +12.45 Либерална Мајкал Игнатиев 308 77 77 34 -42.86% 11.04% 2.783.175 -850.010 18.91% -7.36 Блок Квебекчани Жил Дукепе 75 49 47 4 -91.84% 1.30% 889.788 -490.203 6.04% -3.93 Зелена Елизабет Меј 304 / / 1 н/а 0.32% 576.221 -361.392 3.91% -2.86 Независна 61 2 2 / -100% / 72.731 -22.113 0.49% -0.19 Христијанско наследство Џејмс Хатиук 46 / / / / / 19.218 -7.257 0.13% -0.06 Марксисти-Ленсисти Ана Ди Карло 70 / / / / / 10.160 +1,595 0.07% +0.01 Либертаријанска Денис Јанг 23 / / / / / 6.017 -1.283 0.04% -0.01 Прогресивна канадска Синклер Стивенс 9 / / / / / 5.838 -22 0.04% -0.00 Риноцерос Франсоа Горд 14 / / / / / 3.819 +1.697 0.03% +0.01 Пиратска Микел Полсон 10 * / / * / 3.198 * 0.02% * Комунистичка Мигел Фигуеро 20 / / / / / 2.925 -647 0.02% -0.01 Канадска акција Кристофер Портер 12 / / / / / 2.030 -1.425 0.01% -0.01 Маријуана Блер Лонгли 5 / / / / / 1.864 -434 0.01% -0.00 Животинска Алијанска и гласачи на животната средина Лиз Вајт 7 / / / / / 1.451 -924 0.01% +0.00 Западен блок Док Кристин 4 / / / / / 748 +553 0.01% +0.00 Обединети Брајан Џедан 3 * / / * / 294 * 0.00% * Прво национално население Вил Морин 1 / / / / / 228 -1.383 0.00% -0.01 Слободни 3 Вкупно 1.587 308 308 308 ±0.0% 100.0% 14.720.580 +886. 286 100%
1. Андре Форбс од Маникуган беше номиниран како либералец, но ја изгуби поддршката од партијата откако беше номиниран и продолжи да се бори како независен кандидат. Тој е наведе како либералец а не како самостоен кандидат бидејќи на првото гласачко ливче тој беше со либералците. 2. Партијата Риноцерос на претходните избори постоела под името Нерино 3. Партијата Политичка моќ на луѓето од Канада не успеа да кандидира кандидати на изборте во 2011 година и беше пререгистрирана на изборите на 13 април 2011 година во Канада.
Политички партии, водачи и статус • Конзервативна партија на Канада – Стефан Харпер (мнозинска влада) • Партија Нова Демократија – Томас Мулкаир (опозиција) • Блок Квебекчани – Даниел Паиле • Зелена партија – Елизабет Меј
Дебати на водачите Најчесто, две национални дебати добиваат национално покривање за време на изборите, по една на секој од службените јазици. Двете дебати се емитуваат со превод, па затоа може да се гледаат двете дебати и без работно познавање на јазикот на кој се води дебатата иако дел од нејзиното значење може и да се изгуби. Луѓето кои ги зоруваат и двата јазици можат добро да ја разберат дебатата и ќе немаат потреба од превод, и ќе добијат подобра претстава за што всушност се зборува во дебатата и ќе видат кои се разликите ако одлучат да ги гледаат и двете дебати. Во моментов, само партиите кои се застапени во Собранието учествуваат во дебатите. Сепак, Партијата на зелените сака и ним да им биде дозволено да учествуваат. Нивниот дел од гласовите значително е зголемен како резултат на новата финансиска формула и делумно поради тоа што учествуваа во многу области за разлика од претходните избори (имаа номинирани кандидати во сите области во изборите од 2004 и 2006 година), а во еден дел се должи и на зголемувањето на популацијата. Така аргументот се однесува на тоа ако има доволна национална поддршка за да се заработи официјално признавање како партија (т.е онаа на која и е обезбедено финансирање ако добие 2% или повеќе од националните гласови) исто така треба да им биде дозволено да дебатираат и да бидат на исто ниво како и другите официјално признати партии. Исто така, добивајќи 6% од гласовите во Британска Колумбија и врз основа на претходниот преседан, Зелените ќе имаат поголеми причини на идните избори да се вклучат во дебатите. На Блокот Квебекврз основа на поддршката што ја имаат во Квебек им е дозволено да учествуваат во дебатите, дури и пред да имаат избрани пратеници на општите избори (само пратениците на блокот во тоа време имаа вклучено и други партии или победуваа во дополнителни избори). Понатаму врз основа на очекуваната поддршка, Реформската партија на Канада беше вклучена во дебатите и покрај фактот дека има само еден пратеник. Затоа, минатите партиски перформанси или бројот на пратенички места не е начинот на кој се избираат учесниците во дебатите.
Судство Највисок суд во Канада е Врховниот Суд на Канада и е краен жалбен суд во канадскиот правен систем. Судот е составен од девет судии: осум помлади (регуларни) судии и еден шеф на судот во Канада. Судиите во Врховниот суд на Канада се назачени од гувернерот во советот. Законот на Врховниот суд ги огранучува квалификациите за луѓето кои биле судии во повисок суд, или членови на бар за десет или повеќе години. Членовите на бар, или супериорен судија во Квебек, според законот мора да имаат три од деветте места во Врховниот суд на Канада.
Владини институции и структура Канадската влада работи со јавниот сервис користејќи оддели, помали агенции ( на пример, комисии, судови и одбори) и корпорации на круната. Постојат два вида на одделенија: централни агенции како што се финансии, Канцеларијата на Кралскиот Совет, а Секретаријатот на Министерството за финансии има организирачка и надзорна улога за целиот јавен сервис, линиските сектори се оддели кои ги вршат задачите од одредена област или поле, како што се одделот за земјоделство, животна средина или одбрана. • Значајните оддели ги вклучуваат и: финансии, приход, човечки ресурси и развој на вештини, државна одбрана, јавна безбедност и подготвеност за итни случаи и надворешни работи/надворешна трговија.
Крунска корпорација и други владини агенции Значајни крунски корпорации и агенции на федералната влада се: • Канадската радиодифузна корпорација • Преку железница • Избори во Канада • Совет на Канада • Канадски пост • Развој на извозот во Канада
Поврзано • Односи Австралија-Канада • Политичка култура на Канада • Список на политички партии во Канада • Список на федерални генерални избори во Канада • Список на канадски политички скандали • Федерално политичко финансирање во Канада • Либерализмот во Канада • Конзервативизмот во Канада • Социјализмот и социјалата демократија во Канада • Канадска националност • Совет на федерацијата • Прогресивизам • Десет проценти
Наводи 1. Уставен акт, 1867 година 2. Создавањето и почетоците на Врховниот суд на Канада 3. Канадски хипотеки и вдомување. 2044 година 15104 во став 25 4. Јуџин Ланг, ,,Каде либерали? Тековна состојба и перспективите на Либералната партија на Канада,” весникот за меѓународни односи и глобални трендови (2010 година) стр 195 на интернет. 5. Том Фланаган, тимот Харпер: Зад сцената во конзервативното издигање до моќ (2 дел Мекгил-Квинс 2009 година), Шантал Хепберт, Француски бакнеж: состанокот на слепо на Стефан Харпер со Квебек ( Канада 2007 годинс), Вилијам Џосон, Стефан Харпер и Иднината на Канада (2 дел Меклеланд и Стјуард, 2006 година), Лојд Мекеј, Стивен Харпер: Случај за колаборативно управување (прес 2006 година), Боб Пламондон, Полн круг: Смртта и Воскресението во канадската Конзервативна политика (клучните книги на Портер, 2006 година), Пол Велс, Издигнување: Падот на Пол Мартин и растот на новиот конзервативизам на Стефан Харпер (книги на Даглас Гибсон, 2007 година). 6. Мајкал Д. Бејлс, ,,Подемот на Стефан Харпер до власта: Дали неговата нова Конзервативна партија ќе стане владејачка партија во Канада во дваесет и првиот век?” Американски преглед на канадските студии, март 2010 година, стр 118-145. 7. Алан Блумфилд и Ким Ричард Носал, ,,Кон експлицитното разбирање на стратегиската култура: Случаи во Австралија и Канада”, Современа безбедносна политика (2007 година). 8. Г. Брус Доерн и Кристофер Стони, Како троши Отава, 2010-2011 година: Рецесија, прегрупирање и ерата на новиот дефицит (2011 година) стр. 5-7 9. Економист, 3 мај 2011 година 10. Лоренс Мартин, триумфот на Харпер: прегрупирањето од историска гледна точка, Глоуб и Меил, 4 мај 2011 година. 11. Ендрју Којн, ,, Западот е во и Онтарио се приклучи: Како изборите доведоа до невидено прегрупирање на канадската политика,” Маклеан, 6 мај 2011 година. 12. Зелените добија место во телевизиската изборна дебата, Ројтерс Канада, 10 септември 2008 година (пристапија на 10 септември 2008 година). 13. Конагер, Даф (13 август 2007 година). ,, Нашата демократија е сè уште за продажба.” Тује. Преземено 16 август 2007 година. 14. Лебланк, Даниел, Џејн Табер (2 август 2007 година). ,,Отава одбива да ги затвори донациските дупки.” Свет и пошта. Архивирано од оригиналот на 2 август 2007 година. преземено 16 август 2007 година. 15. Лебланк, Даниел (1 август 2007 година). ,, Солзи врз политичките донации”. Свет и пошта. Преземено 16 август 2007 година. 16. ,, Почетниот либерален кандидат сè уште е во трката”. 11 април 2011 година. преземено 13 април 2011 година. 17. ,, Контраверзниот квебекски либералец останува во трката”. ПС вести. 11 април 2011 година. преземено 12 април 2011 година. 18. Дерегистрација на народната политичка сила на партијата во Канада. Избори во Канада. 13 април 2011 година. преземено 13 април 2011 година. 19. Законот на Врховниот суд.
Дополнителна литература • Бриктон, Џејмс (2009година), Политиката на Канада, Торонто универзитет. • Кортни, Џон Ц. Дејвид Е. Смит (2010 година), Книгата на Оксфорд за канадската политика, прес на универзитетот Оксфорд. • Клемент, Доменик (2009 година), Канадското право на револуција: социјално движење и социјални промени. • Дик, Ренд (2011 година), Канадска политика, концизионо петто издание. • Хејл, Џефри (2002 година), Канадска политика на оданочување. • Хил, Тони (2002 година), Канадската политика, област по област. • Лајтбој, Џејмс (2006 година), Градската политика на Канада. • Мекдоналд, Даглас (2007 година), Политиката на бизнис и животна средина во Канада. • Мортон, Фредрих Ли (2002 година), Право, политика и судските процеси во Канада. • Њуман, Стефан (2004 година), Уставната политика во Канада и САД, државен универзитет од Њујорк. • Патен, Стив (2006 година), Правото на шретиен: политика и јавна полиса во Канада. • Тримбл, Линда; Џејн Арскот (2008 година), Сè уште ги броиме: Жените во политиката во Канада. • Висман, Нелсон (2007 година), Во потрага по Канадската политичка култура. • Кетрин Фирлбек, Политиката низ Канада: Интелектуална историја. Прес 2006 година. • Ијан Меккеј, Бунтовници, црвени, радикалисти: Преглед на историјата на Канада.
Надворешни врски • Канадска политика, преглед на политиката во Канада • ЦБЦ Дигитална архива – скандали и бели слонови • ЦБЦ Дигитална архива – кампањи за Канада • Споредба на канадската влада • Дигитален речник за политиката на Канада
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.