![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e5/Anker_Strickendes_M%25C3%25A4dchen_1884.jpg/640px-Anker_Strickendes_M%25C3%25A4dchen_1884.jpg&w=640&q=50)
Плетење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Плетењето — метод со кој конецот или предивото се претвора во облека или други мајсторски изработки. Сплетениот материјал се состои од последователни редици од врзувања наречени котелци. Како што се нижат редовите , ново врзување се провнува врз постоечкото . Активните котелци се држат на игла сè додека друго врзување не помине низ нив. Со овој процес се добива ткаенина која често се користи за облека.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e5/Anker_Strickendes_M%C3%A4dchen_1884.jpg/640px-Anker_Strickendes_M%C3%A4dchen_1884.jpg)
Плетењето може да се реализира рачно или машински. Постојат неколку вида и методи на рачно плетење. Различни типа на конци и игли можат да се искористат за да се добие изобилие на плетени материјали: Овие алатки му даваат на крајниот резултат различна боја, плетка, тежина и / или целокупност. Други фактори кои влијаат на крајниот резултат се формата на иглата, дебелината и ковливоста, како и типот на влакното од конецот , составот и растегливоста.