Планкова должина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Планкова должина (ℓP) — единица за должина еднаква на (1,616199 ± (97))⋅10-35 метри. Претставува основна единица во системот на Планкови единици, наречени по неговиот творец, германскиот физичар Макс Планк (1858-1947). Единицата се дефинира според три темелни физички константи: брзината на светлината во вакуум, Планковата константа и гравитациската константа.
Величината на оваа единица може да се замисли вака: доколку имаме точка од 0,1 мм (нешто најситно што може да види голото човечко око) и ја зголемиме во размер на видливата вселена, тогаш Планковата должина би била голема колку вистинска точка од 0,1 мм во однос на неа. Со други зборови, точката од 0,1 мм е на половина помеѓу Планковата должина и големината на видливата вселена на логаритамска скала.