From Wikipedia, the free encyclopedia
Петар Илич Чајковски (руски: Пётр Ильич Чайкoвский; 7 мај 1840 (25 април стар стил) – Петроград, 6 ноември 1893 (25 октомври стар стил)) — еден од најголемите руски композитори и симфоничари, кој со своите дела ја одбележа ерата на доцниот романтизам како еден од најсестраните и најплодните.
Значаен придонес дал во развојот на рускиот балет.
Негови најпознати дела се оперите „Евгениј Онегин“ и „Пикова дама“, а неговуите три балети: „Оревокршачка“, „Лебедово езеро“ и „Заспаната убавица“ се едни од најизведуваните балети на сите времиња. Познато негово дело е и циклусот „Годишни времиња“.
По потекло Чајковски е од угледното украинско козачко семејство Чајка. Бил втор син на инженерот по рударство Петар Федорович Чајковски, етнички Украинец, и неговата втора сопруга Александра Андреевна, внука на француски имигрант. Иако музичкото насочување на семејството не било силно изразено, Чајковски на свое барање на 4 години добил часови по клавир. Првата музика која влијаела врз него дошла од еден механички клавир што неговиот татко го донел од Санкт Петербург. Почнал да свири на него, а семејстото било одушевено. Понекогаш тој свирел подобро од неговата учителка. Неговите родители планирале за својот син кариера во владината служба, па Чајковски посетувал правно училиште во Санкт Петербург од 1850 до 1859 година. По завршувањето работел во Министерството за правосудство, а часови по клавир земал кај пијанистот Рудолф Кундингер, кој емигрирал во Русија.
Потоа студирал на петроградскиот Конзерваториум. Во 1862 година Чајковски влегол во новоотворениот конзерваториум на Антон Рубинштајн во Санкт Петербург, а некој месец подоцна се префрлил на конзерваторииумот во Москва и се преселил кај братот на Антон Рубинштајн, Николај. Предавал хармонија и пишувал музички критики. Материјалната независност и престојот во странство му ги овозможила неговата меценатка Надежда фон Мек, а нивното допишување било важен извор на податоци за творечката работа и естетските погледи на Чајковски. Настапувал и како диригент на сопствените дела низ целото Руско царство, потоа низ Европа и САД.
Во Москва настанале неговите први успешни дела, помеѓу нив и увертирата „Ромео и Јулија“, како и оперите „Војвода“ и „Опричник“. Во првата ја искористил типичната руска музика и „цитирал“ руски народни песни. Многу сведошта докажуваат дека станувал сè повеќе депресивен и невротичен. Неговата чувана тајна на хомосексуалност била голема душевна потешкотија. Во 1868 година речиси да дошло до пресврт во неговиот живот, кога ја запознал пејачката Дезире Арто, со која сакал да се ожени. Во врската се вмешале негови пријатели и мајката на пејачката, па таа пропаднала. Десире во 1869 се омажила за еден шпански баритон.
Најважното дело што го напишал во Москва е Концертот за клавир и оркестар бр. 1 во б- мол, опус 23. Го компонирал во 1874 и набргу на својот пријател Николај Рубинштајн му го отсвирил на клавир, кому имал намера да му го посвети. Разочарувањето од реакцијата било големо и трајно. Во едно свое писмо до заштитничката Надежда фон Мек пишува:„Му го отсвирив првиот став. Ниеден збор, ниеден коментар...Добив сила да го отсвирам целиот концерт. И натаму тишина, „Па?“ го прашав кога станав од клавирот. На почетокот полека, како да сакаше да собере сила, а потоа почна да беснее со Јупитеров тонанс. Мојот концерт беше безвреден, не би можел да се отсвири. Пасажите се толку фрагментирани, неповрзани и лошо напишани што тоа не довело до подобрување. Композицијата е лоша, вулгарна (...) Една или две страници можеби нешто вредат, остатокот мора да биде уништен или мора сосема поинаку да се компонира (...)“.
Во тоа време настанале неговите први 3 симфонии, освен тоа и музика за „Снегулка“ и балетот „Лебедово езеро“, праизведен во 1877. Во таа година композиторот ја доживеал својата најтешка внатрешна криза. Првпат се сретнал со Надежда фон Мек (1831-1894), која била вдовица на емигрант во Русија. Покажала голема уметничка смисла и подоцна финансиски го поддржала извесно време Клод Дебиси. Со Чајковски создале пријателство преку писма. Добивал годишна пензија од неа во износ од 6.000 рубљи, што го правел независен. Така можел да оствари поништување на неговото именување за руски пратеник на Светската изложба во 1878 во Париз.
Во своите последни години ги компонирал своите најпознати опери „Девојка Орлеанска“, „Мазепа“ и „Евгениј Онегин“. Помеѓу останатите негови познати дела спаѓаат „Капричо Италија“, „Концерт за клавир и оркестар бр. 2 во Г- дур, опус 44“, „Концертна фантазија за клавир и оркестар“ и „Манфред симфонија“. Повторен финансиски подем композиторот доживеал во 1884, а во 1887 година го открил својот талент како диригент. Следат концертни турнеи низ цела Европа. Во 1891 имал концертна турнеја во Њујорк, Филаделфија и Балтимор.
Од 1888 настанале неговите последни познати дела: балетот „Трнорушка“, „Хамлет увертира“, „Пикова дама“, „Петта симфонија во е- мол, опус 64“ и балетот „Оревокршачка“. Во годината на својата смрт (1893) ги компонирал недовршениот „Концерт за клавир и оркестар во Ес- дур“ и „Шеста симфонија во х- мол „Патетична“, опус 72“.
Чајковски починал ненадејно, на 53- годишна возраст, а неколку дена претходно ја диригирал „Патетична симфонија“. Причините за смртта до денес не се разјаснети. Според наводите на неговиот брат Модест, Чајковски се заразил од колера која пустошела низ Санкт Петербург.
„Петар Илич Чајковски“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.