From Wikipedia, the free encyclopedia
Пелешка ерупција — вид на вулканска ерупција која се одликува со брзо движење на пирокластични текови или бранови кои опожаруваат сè што ќе им се најде на патот[1]. Притоа од вулканот големи количини на прашина, карпи и гас се исфрлаат од вулканот, кои потоа се спуштаат по падините како пирокластични потоци. Ваквата ерупција може да се случи кога магмата е многу вискозна, обично од риолитски или андезитски тип и истата дели сличности со вулканолошкиот тип на ерупција.
Најважната одлика на пелешката ерупција е присуството на блескава лавина на топла вулканска пепел, таканаречениот „зажарен облак“[2] односно пирокластичниот тек како и формирањето на лавини куполи. Исто така е забележливо дека кратките текови на пепел создаваат конуси од пемза.
Почетната фаза на ерупција се одликува со пирокластичен тек. Талозите од тефра имаат помал обем и опсег од соодветните плиниски и вулкански ерупции. Вискозната магма потоа формира стрмни куполи или вулкански ' рбет во отворот на вулканот. Куполата подоцна може да колабира, што ќе резултира во текови на пепел и исфрлање зажарени камени блокови.
Циклусот на ерупција обично завршува по неколку години, но во некои случаи може да продолжи и неколку децении, како и во случај на вулканот Сантјагито.
Типот на ерупција името го добил по ерупцијата на вулканот Пеле на Карибите кој избувнал во 1902 година убивајќи 28 000 луѓе.[1] Оваа пелешка ерупција била една од најголемите вулкански катастрофи на 20-от век која целосно го збришала градот Сен Пјер на Мартиник, (Антили), низ серија моќни ерупции.[3]
Други примери на пелешка ерупција се следниве:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.