From Wikipedia, the free encyclopedia
Парамециум, попознат како чевличе, го добил овој назив, заради неговиот облик, како чевла. Обвиткан е со таканаречени иглички, или трепки, со чија помош, тој се движи со сите одеднаш во еден правец. Парамециумот живее најчесто во барите каде што има распаднати листови, и живее и во некои други одредени слатки води. Се храни со разни бактерии, и ситни честички, храната влегува во неговото клеточно грло, па потоа во хранливата вакуола, која ја вари храната. Парамециумот храната ја испушта преку целата негова површина, а истото се случува и со сите други непотребни материи.
Парамециум | |
---|---|
Paramecium aurelia | |
Научна класификација | |
Домен: | Еукариоти |
Царство: | Протисти |
Колено: | Ciliophora |
Класа: | Ciliatea |
Ред: | Peniculida |
Семејство: | Parameciidae |
Род: | Парамециум Милер, 1773 |
Видови | |
Paramecium aurelia |
Кога барата ќе се пресуши, парамециумот се обвиткува во циста,да избегнува смрт,а кога ќе се наполни барата повторно,тој повторно се движи низ водата. Се размножува по проста делба - митоза.
Ова праживотно го добило своето име по неговиот изглед на чевличе. Најчесто се среќава во барските застоени води во кои се распаѓаат листови на растенија, но и во други слатки води. Парамециумот е едно од најголемите едноклеточни животни. Може да достигне големина и до половина милиметар. По површината на клеточната мембрана има трепки со чијашто помош плива во водената средина. При движењњето тој весла, во еден правец, со сите трепки одеднаш. На тој начин освен што се движи тој си донесува и храна до поголеми трепки кои ги има на вдлабнатиот дел од телото. Парамециумот се храни со ситни бактерии и честички од изумрени распаднати растенија. Хранливите честички ги прима преку таканаречена клеточна уста и преку клеточно грло се носат во цитоплазмата. Во цитоплазмата овие честички се обвиткуваат и се создава меурче – хранлива вакуола во која се вари храната. Во цитоплазмата на парамециумот може да се создадат онолку хранливи вакуоли колку што ќе навлезат хранливи честички. Сварените хранливи материи се впиваат во цитоплазмата, а непотребните материи се исфрлаат преку отвор кој се создава на клеточната мембрана. Парамециумот диши преку целата површина. Непотребните материи кои се создаваат при дишењето се исфрлаат или преку целата површина или преку две контрактилни вакуоли. Тие имаат ѕвездовиден изглед, постојано се грчат и олабавуваат и на тој начин преку нејзините каналчиња, чистата вода навлегува во внатрешноста на цитоплазмата, а се исфрла нечистата вода . Во цитоплазмата на парамециумот има две јадра, големо и мало. Парамециумот се размножува бесполово со проста дселба. Ако настапат неповолни услови, кога барите почнуваат да пресушуваат, парамециумот се обвиткува со една поцврста мембрана и преминува во циста. На тој начин ги надминува неповолните услови. Кога барата ќе се наполни со вода од цистат повторно се развива парамециум.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.