![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/dc/Mimes.ogv/640px--Mimes.ogv.jpg&w=640&q=50)
Пантомима
вид сценска уметност / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пантомима (старогрчки: παντόμῑμος, pantómīmos за „пантомима“, буквален превод: „се што се имитира“) — облик на сценската уметност, чиишто изведувачи најчесто настапуваат без говор. Сцените, предметите, местата и ликовите главно се предаваат по пат на гестикулација и мимика, при што може да се употребуваат маски или шминки. Лицата кои изведуваат пантомима се наречени „пантомимичари“.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d0/Pantomime.jpg/640px-Pantomime.jpg)
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7f/PANTOMIME-PABLO.jpg/320px-PANTOMIME-PABLO.jpg)
Во пантомимата разликуваме три вида на движења:
- уметност на стасот или држење (низ надворешен, телесен став и движење на еден карактер, неговите чувства и внатрешен став на една фигура);
- знакови и движења од секојдневнит живот во нејзината зголемена форма (мафтање, поздравување, итн.); и
- Илузиона техника (објаснување, човек со неговата околина на која се прикажани само со чисти телесни средства).
Пантомимата е уметност на тишината; поезија со високо култивирано движење. Мимос или мим од грч. мимос-движење без зборови; првобитно е посебен начин на претставување во античкиот театар. Пантомимата (панто-све, мимос-движење без зборови) се спомнува уште во Стара Грција и Рим, но и во записите на патописците низ Далечниот Исток.
Во своите почетоци, пантомимата како изведба составена од танц и циркузантство била препознатлива во немиот филм, но во поново време истата се развлила независно, како современ уметнички облик. Сепак, пантомимата и натаму понекогаш се поврзува со другите театарски облици, како на пример со црниот театар, а поретко и со црносветлечкиот театар. Исто така, елементи на пантомима може да содржат и изведбите на кловновите.
Општењето меѓу луѓето кои не можат да се изразуваат на странски јазик исто така често се сметаат за „пантомимски“, но сепак во потесна смисла на зборот не ѝ припаѓаат на пантомимата како уметнички облик, за чијашто изведба обично е потребно подолго образование.