Палестинска ослободителна организација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Палестинската ослободителна организација (ПЛО) е палестинска политичка и воена организација. Основана од Арапската лига во 1964 година, нејзината првична цел беше уништување на Државата Израел по пат на вооружена борба и воспоставување на независна палестинска држава на територијата помеѓу Средоземното Море и реката Јордан. Подоцна, во 1988 година ПЛО го менува овој став и како своја цел го прифаќа решението за две држави на израелско-палестинскиот конфликт, при што Израел и Палестина би постоеле една покрај друга.
На чело на Извршниот комитет на ПЛО од 1969 до неговата смрт во 2004 беше Јасер Арафат. Негов наследник на оваа функција е Махмуд Абас.