Димник[1][2] или оџак[3][4] — дел од куќа, зграда или индустриски објект наменет за отстранување на чад или гасови произведени со согорување. На индустриски објекти, оџакот обично се нарекува индустриски оџак.

Thumb
Оџаци во Англија
Thumb
Индустриски оџак
Thumb
Димниците на РЕК Битола

Димникот може да биде направен од тули (ѕидарски) или од бетонски цевки или од цевки од некој друг материјал.

Во македонскиот јазик наместо зборот димник се користи зборот оџак што доаѓа од турскиот јазик.

Историја

Во најстарите куќи чадот од огништето се одведувал низ покривниот простор. Во 15 век се појавиле оџаци кои се издигале над покривите и го одведувале чадот вон куќите. Првите оџаци биле дрвени, односно од дрво и глина, но подоцна, главно поради заштита од пожари, димниците биле градени од тули.

Функции на оџакот

Димникот е првенствено наменет за отстранување на согорувањата или чадот од објектите. Се користи за печки, камини и други грејни објекти и дејствува како едноставна воздушна пумпа. Жешките согорувања имаат помала густина на воздухот и оџакот на нивно место вшмукува свеж воздух. Притисокот што го тера воздухот низ оџаците се нарекува „влечење на оџакот“ што зависи од неговата висина и димензиите на оџакот и затоа во индустријата оџаците со голем капацитет на погоните се високи.[5]

Висината на главата на оџакот (делот од оџакот над покривот) е дефинирана со прописи и е одредена така што капата на оџакот мора да биде на висина од 0,5 м над гребенот или на растојание од 1,5 м од наклонот на покривот.

Димниците можат да се користат и за вентилациони цели. Таквите димници се викаат вентилациони канали кои може да бидат опремени и со вентилатори особено кога не може да се гради доволно висок димник или вентилационен отвор со доволни пресеци.

Поврзано

Наводи

Литература

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.