![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c7/Coat_of_arms_of_the_Ottoman_Empire_%25281882%25E2%2580%25931922%2529.svg/langmk-640px-Coat_of_arms_of_the_Ottoman_Empire_%25281882%25E2%2580%25931922%2529.svg.png&w=640&q=50)
Османлиска архитектура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Османлиската архитектура е архитектура на која била создадена во времето на Османлиското Царство. Нејзиното време започнува во Бурса и Едрене во текот на 14 век и 15 век. Оваа архитектура е во голем степен наследник на архитектурата на селџуците, има големо влијание од Иран и исламските традиции на мамелуците, како и византиската архитектура.[1][2][3] Скоро петстотини години, византиската архитектура служела како модел за многу од османлиските џамии.[3] Како севкупност, османлиската архитектура низ историјата е запишана како мешавина од архитектурни традиции на Средоземното Море и Блискиот Исток.[4] Исламската архитектура, која долго време се темелела на обични градби со опширни декорации, била променета од османлиската архитектура, која најмногу се заснова на религијата. Во Македонија, особено во Скопје и во Битола, може да се најдат некои од најдобрите примери на Отоманската архитектура надвор од денешна Турција.