Израел е поделен на 6 окрузи (хеб. מחוזות, „мехозот“, едн. „махоз“) со 15 подокрузи (נפות, „нафот“, едн. „нафа“). Секој подокруг потоа се дели на природни региони (вкупно 50).

Thumb
Карта на окрузите во Израел:
1. Северен, 2. Хаифски, 3. Централен, 4. Телавивски, 5. Ерусалимски.
Спорни подрачја: А. Голанска Висорамнина, Б. Јудеја и Самарија, В. Појас Газа.

Податоците во статијава се преземени од Централната служба за статистика на Израел, и затоа ги опфаќаат сите места под израелска цивилна власт, вклучувајќи ги теритоториите окупирани од Израел. Таков пример е подокругот Голан и неговите четири природни региони кои не се признаени од Обединетите Нации и меѓународната заедница како израелски територии. Наведеното население на Ерусалимскиот округ ги вклучува и жителите на Источен Ерусалим, чие припојување кон Израел исто така нема меѓународна поддршка. Единствено невбројани остануваат жителите на округот Јудеја и Самарија, бидејќи Израел не ја наметнува својата цивилна власт во тој дел од Западниот Брег.

Ерусалим

Население: 907.300
Административен центар: Ерусалим[1]

Северен округ

Население: 1.241.900
Административен центар: Назарет
Подокрузи:
  • Сафед (100.500)
  • Кинарет (100.300)
  • Изрел (444.400)
  • Ако (555.300)
  • Голан[2] (41.400 - половина сириски, половина израелски доселеници).[3]

Хаифа

Население: 880.700
Административен центар: Хаифа
Подокрузи:
  • Хаифа (529.300)
  • Хадера (351.400)

Централен округ

Население: 1.770.000
Административен центар: Рамла
Подокрузи:
  • Шарон (389.600)
  • Петах Тиква (604.600)
  • Рамла (282.800)
  • Реховот (493.000)

Тел Авив

Население: 1.227.900
Административен центар: Тел Авив

Јужен округ

Население: 1.201.200
Административен центар: Бершеба
Подокрузи:
  • Ашкелон (456.000)
  • Бершеба (565.300)

Јудеја и Самарија

Население: 327.750 израелски доселеници
Административен центар: Ариел

Овој округ претставува географска класификација за израелските населби на Западниот Брег освен Источен Ерусалим и поранешната „ничија земја“ на израелско-јорданската граница близу Латрун. Подрачјето потпаднало под израелска власт по Шестдневната војна (1967) но сè уште не е приклучено кон Израел поради долгите преговори за неговиот статус. Многу Израелци го сметаат за дел од т.н. „Израелска Земја“, но не е признаено како такво од ООН и ниедна странска земја.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.