Облак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Облак — видлива маса на кондензирани капки или замрзнати кристали во атмосферата над површината од Земјата или некое друго планетaрно тело. Гранката од метеорологијата која се занимава со проучување на облаците се нарекува нефологија.
На Земјата кондензираната материја всушност е водена пареа, која образува мали капки или кристали на мраз, најчесто со големина на пречникот од 0,01 мм. Групирани милијарди капки односно кристали образуваат облак, кој е видлив објект во атмосферата.