Ножици
рачно орудие за сечење / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ножици — алат кој служи за сечење. Се состои од две метални острици споени на таков начин да рабовите се лизгаат еден од друг. Ножиците сечат хартија, картон, пластика, метални фолии, ткаенина, конци и жица, но и коса и храна. Ножиците се разликуваат по дејноста за која се наменети. Постојат ножици за деснарака, леварака и универзални.