Нова година
почеток на календарската година / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нова година — денот што го одбележува почетокот на новата календарска година. Римската нова година е на 1 март, а овој ден се прославува на различни начини во многу култури.[1] Новата година според грегоријанскиот календар, кој денес е најкористен низ целиот свет, паѓа на 1 јануари, но постојат разлики во разни култури според календарите што се употребуваат за пресметување на почетокот од новата година.
Традиционален белег на Новата година е новогодишната елка која се поставува во главната соба и околу која се празнува овој ден.