![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fe/Nitrogen_Cycle.svg/langmk-640px-Nitrogen_Cycle.svg.png&w=640&q=50)
Нитрификација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нитрификација ― бактериската оксидација на амонијакот (NH3) во нитрат (NO3). Се состои од два поврзани потпроцеси: прво, амонијакот се оксидира до нитрит (нитритација), кој во вториот потпроцес се оксидира до нитрат (нитратација). Овие потпроцеси на организмите кај кои се одвиваат им овозможуваат доволно енергија за раст и други животни функции. При азотниот циклус во екосистемите, нитрификацијата игра значајна улога, бидејќи го претвора ослободениот амонијак (од страна на разградувачите на мртвата биомаса) во нитрат. Со ова се обезбедува азотна минерална исхрана на растенијата. Сергеј Виноградски бил првиот кој укажал на тоа дека нитрификацијата е процес кој се одвива кај различни групи на бактерии. Тој во своите класични (од денешен аспект) изданија за нитрификацијата, не само што ги објаснил двата потпроцеси, туку и ги опишал речиси сите нитирификациски бактерии познати до ден денес. Еден дел од нив ја добиле претставката nitroso (нитрозо) како обединувачки елемент во своите генерички имиња, што укажува на бактерии кои имаат способност да вршат нитритација. Родовите кои вршат нитратација ја добиле претставката nitro (нитро) во името на родот.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fe/Nitrogen_Cycle.svg/640px-Nitrogen_Cycle.svg.png)