From Wikipedia, the free encyclopedia
Народното собрание или Претставичкото тело е највисоката цивилна власт на Крушевската Република, тоа се состоело од 60 делегати [1], претставници на сите етнички групи и други (верски) конфесионалности од Крушево. Една од најважните одлуки на Собранието е изборот на Привремената влада и нејзините членови. Собранието сите свои одлуки ги донело во духот на Македонската револуционерна организација, создавање на републиканско уредување, учество и еднакво задоволување на сите етнички групи и нивно обединување околу идејата за автономна Македонија.
По ослободувањето на Крушево, на 4 август 1903 година било свикано Собрание на градот. Тоа се состоело од 60 истакнати крушевски граѓани по 20 од секоја народност. Околу припадноста на овие народнсоти нема согласност во историската наука. Дел од историчарите истакнуват дека имало три народности: влашка, албанска и бугарска, односно македоци - егзархисти [белешка 1], а според други населението се делело на 4 народности, иако станува збор за конфесионални зедници. Во тој период населението се состоело од:
Од трите доминантни конфесионални (верски) општини било создадено собранието на ослободено Крушево.
По ослободувањето на градот таму се нашол Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија на чело со Никола Карев. Тој и останати членови на штабот присуствувале на првата седница одржана во слободно Крушево. Карев најпрво им ја честитал слободата на граѓаните, а потоа одржал говор во кој истакнал:
„ | За човекот нема поголемо богатство од слободата и од правото спокојно да работи и создава. А за да располага со таа вишаа човечка придобивка, Штабот е на мислење дека ние, крушевчаните, коишто на Илинден оваа година јавно ги поставивме основите на нашето народно едниство - факт што сам по себе говори дека ние сме културни и сознателни чеда на Македонија, што се оттргнале од заблудите со кои ни ги оковаа мозоците пропагандистите на империјалистичките балкански држави - станавме причина слично обединување да се постигне насекаде во нашата Татаковина и да дадеме пример на вистинско народно управување, во кое да бидат еднакво застапени првата и задолженијата на сите вери и народности [1] | “ |
По говорот на Карев, штабот ја напуштил зградата на собранието само тоа да одлучи за видот на управата и да избере лица за новата извршна власт.
Најпрво собранието избрало Биро во состав: претседател Теохар Нешков и секретар - Ѓорѓи Чаче. Бирото предложил дневен ред, кој бил прифатен, а тој гласел;
Првата точка била прифатена без дискусии. За втората дочка се воделе дискусии, а за збор се пријавиле: Наум Велјанов, Ѓорѓи Чаче и Никола Баљу. Во дискусијата која се водела, станало збор за монархистичкото и републиканското уредување во пооделни држави, се дале оценки таквите уредувања. По дискусијата, Собранието едногласно одлучило новата упрва да биде републиканска.
По третата точка исто така имало дискусија. Михаил Зиси предложил наместо Привремено извршно тело да се назначи една комисија која требало да управува со градот. Наум Велјанов истакнал дека создавањето на комисијата не би била адекватна на потребите, бидејќи власта што треба да биде создадена нема да биде само градска туку и околиска. По завршувањето на дискусијата била донесени следните решенија:
За членови на Времениот извршен совет биле избрани: Дину Вангел, Николаки Баљу, Ѓорѓи Чаче, Теохар Нешков, Димитар Секулов и Христо Ќурчиев.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.