Мухафаза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мухафаза (арапски: محافظة, muḥāfaẓah; мн. محافظات muḥāfaẓāt) е првостепена административна единица на многу арапски земји и второстепена единица во Саудиска Арабија. Поимот најчесто се преведува како „област“ или „покраина“, а некои позастапени јазици го преведуваат и како „гувернорат“ (управништво). Зборот потекнува од коренот ḥ-f-ẓ со значење на пазење и штитење. Функционерот на чело на мухафазата се нарекува „мухафиз“.