From Wikipedia, the free encyclopedia
Мојот сосед Тоторо (јапонски: となりのトトロ, англиски: My Neighbor Totoro) — фантастичен јапонски филм од 1988 година напишан и режиран од Хајао Мијазаки во производство на студио Гибли. Филмот го следи животот на двете мали ќерки на еден професор и нивното другарување со пријателски настроените шумски духови во земјоделска Јапонија. Филмот ги освоил наградите Animage Anime Grand Prix и Mainichi Film Award за најдобар филм на 1988 година.
„Mојот сосед Тоторо“ | |
---|---|
Македонскиот плакат | |
Режисер | Хајао Мијазаки |
Продуцент | Јасујоши Токума |
Сценарист | Хајао Мијазаки |
Главни улоги | Чика Сакамото Норико Хидака Хитоши Такаги |
Музика | Џо Хисаиши |
Кинематографија | Хисао Шираи |
Монтажа | Такеши Сејама |
Дистрибутер | Тохо |
Премиера | април 16 1988 |
Времетраење | 86 минути |
Земја | Јапонија |
Јазик | јапонски |
Необичајното суштество Тоторо по овој филм станало заштитен знак на студио Гибли. Мијазаки изјавил дека приказнава всушност темели на неговото детство, кога му се разболела мајката и морала да оди во болница. Заедно со „Патување со душите“ се наоѓа на топ 50 списокот на филмови што секое дете треба да ги погледа. Музиката за Мојот сосед Тоторо како и за останатите филмови на Мијазаки е компонирана од Џо Хисаиши.
Ова е приказна за тоа како две девојчиња, Меи и Сацуки, се сретнале со духовите чувари на шумата. Заради болестта на мајката семејството се преселува на село и двете девојчиња постепено почнуваат да го откриват Новиот Свет ним непознат — селската куќа, дворот и соседството. Куќата е толку стара што наскоро би распаднала. Дури и во неа има духови - мали купчиња прашина наречени сусуватари. Додека мајката е болна, сета работа дома паѓа на најстарата ќерка Сацуки. Помалата и немирна сестра Меи заследува малечок шумски дух кој, не сакајќи, ја одведува кај поголем дух, а потоа и кај огромниот Тоторо — чуварот на шумата кој живее во близина.
На девојчињата им дава дава мал подарок од бамбусови лисја во кој се наоѓаат семиња. Заедно ги посадуваат семињата во градината, а ноќе Тоторо им помага да раснат и пораснат во огромни дрва.
Еден ден од болницата соопштуват дека мајката не ќе може да си дојде дома за време на викендот. Вознемирената Меи се отправува сама на пат во посета на мајка си, но го згрешува патот. Тоторо и помага да се најде со постарата си сестра. Катбус ги носи девојчињата во болницата Ситикоку кај мајка им, каде увидуваат дека со неа е сè во ред.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.