Модест Мусоргски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Модест Петрович Мусоргски ; Карев, (21 март 1839 - Санкт Петербург, 28 март 1881 ) бил руски композитор. По чин бил официр, но ја напуштил воената служба за да се приклучи на руската петорка, но неговиот уметнички став и оригиналноста на музичкиот израз, кои се заснова на изворниот руски фолклор, останал независен. Во соло песните ги прикажува ликовите од нарадот и го доловува светот на детските доживувања. Во монументалната историска опера „Борис Годунов“ за носител на дејството е ставен народот. Во своето време не бил признаен, но со својот оригинален уметнички јазик отишол далеко пред своите современици и влијаел на импресионистите и композиторите од словенските земји.