From Wikipedia, the free encyclopedia
Миштеците (миштечки: туун сави, шпански: Mixtecos) — староседелски народ на територијата на Средна Америка, поточно на териториите на мексиканските сојузни држави Оашака, Гереро и Пуебла. Регионот кој овој народ го населувале/ населуваат се нарекува Ла Миштека или на шпански La Mixteca. Мајчини јазици на овој народ се миштечките јазици.
Поимот Миштеци доаѓа од ацтечкиот збор миштекапан што значи „место на луѓето-облаци“. Самите Миштеци се нарекуваат себеси со повеќе имиња, меѓу кои њуу сави, њуу џау, њуу дави, сеан дави, даан дави, туун сави, наа сави и други, во зависност од локалната верзија на јазикот. Кевин Терасиано го користел помот Њуѕахуи (Ñudzahui) што во превод значи „луѓе од дождливото место“.
Во преколумбовскиот период, Миштеците биле едни од главните цивилизации во Мезоамерика. Важни миштечки стари центри миле стариот главен град Тилантонго, како и Ачиутлае, Куилапан, Хуамелулпан, Митла, Тлашиако, Тутутепек, Хаштлахуака и Јукуњудахуи. Миштеците, исто така, направиле големи градби во стариот град Монте Албан, кој бил изграден од Запотеците. Производите на Миштеците, кои воглавно биле од камен, дрво и метал, биле ширум познати во Мезоамерика.
Ацтеките, во својата најголема политичка моќ, наплатувале надоместоци во миштечките области, но важно е да се напомене дека не сите миштечки градови биле вазали на Ацтечката Империја. Исто така, Миштеците дале голем отпор кон шпанската окупација. Денес, голем број Миштеци се раселени низ Мексико и САД, особено во пограничниот регион.
Миштечката територија, историски и современо, се совпаѓа со западната половина на сојузната држава Оашака, со некои миштечки населби во соседните сојузни држави Пуебла на северозапад и Гереро. Миштечката татковина е поделена на три географски и културни региони:
Низ историјата, најдоминантен миштечки регион бил планинскиот, каде се наоѓал и главниот град на Миштеците. Рамничарскиот регион бил оспоруван регион, односно за него и Миштеците и Запотеците тврделе дека е нивен. Пештерата во басенот Коиштлахуака било свето место за Миштеците.
Миштечките јазици, во своите различни варијанти, го зборувале околу 300.000 жители според проценката од крајот на 20 век. Сепак, голем дел од Миштеците се двојазично, односно можат професионално да зборуваат шпански.
Во антропологијата, Миштеците се познати по нивните кодекси каде е запишана нивната историја. Кодексите се направено од кожа од елен. Најпозната приказна за Миштеците е таа за кралот Осум елени, кој пак го добил своето име по датумот на раѓање. Некои познати миштечки кодекси се Кодекс Бодли и Кодекс Зуче-Нутал, каде е запазен животот на кралот Осум елени.
„Миштеци“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.