Мисија на Георги Белев во Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мисијата на Георги Белев во Македонија била спроведена во 1904 година. По Илинденското востание, цончевистите се обиделе да ја искористат кризата која настанала во македонското националноослободително движење. Како и во минатото, врховистите се обиделе да ја потчинат Внатрешната организација преку преговори и предлози.