Министерството за образование и наука скратено МОН — министерство во состав на Владата на Република Македонија, според член 23 од Законот за организација и работа на ограните на државната управа (Сл.весник на Р Македонија бр 59/2000 од 21.07.2000 година).
Министерство за образование и наука | |
---|---|
Зградата во која е сместено Министерството за образование и наука | |
Податоци за органот | |
Основан | 1991¹ |
Надлежност | Влада на РМ |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 230[1] (2017) |
Годишен буџет | 25,179 милијарди MKD[2] (2018) |
Надлежен министер | Весна Јаневска |
Мрежно место | |
mon.gov.mk | |
Белешки | |
¹Како министерство на Република Македонија |
Министерството за образование и наука ги врши работите што се однесуваат на:
- воспитанието и образованието од сите видови и степени;
- организацијата, финансирањето, развојот и унапредувањето на воспитанието, образованието и науката;
- воспитанието и образованието на децата на нашите ра ботници на привремена работа и престој во странство;
- верификацијата на струките и профилите во образованието;
- ученичкиот и студентскиот стандард;
- технолошкиот развој, информатиката и техничката култура;
- информацискиот систем;
- меѓународната научно-техничка соработка;
- надзорот од неговата надлежност и
- врши други работи утрврдени со закон.
Во состав на Министерството за образование и наука се:
- Педагошка служба;
- Бирото за развој на образованието;
- Управата за равој и унапредување на образованието на јазиците на националностите и
- Државниот просветен инспекторат.
Бирото за развој на образованието има својство на правно лице.
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.