Мец Хандбал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мец Хандбал е француски ракометен клуб, од градот Мец, Мозел.
Мец Хандбал | |||
---|---|---|---|
Целосен назив | Мец Хандбал | ||
Основан | 1967 | ||
Игралиште | Арена Мец, Мец | ||
Приемност | 5,000 | ||
Престедател | Тјери Веицман | ||
Главен тренер | жени: Емануел Мајонад мажи: Амбросио дос Сантос | ||
Лига | Дивизион 1 | ||
2018–2019 | 1ви | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Мреж. место Матична страница |
Клубот е основан во 1965 година, и главно е познат по женскиот тим, кој доминира во францускиот женски ракомет од 90-тите години, со 23 титули во француското првенство. Клубот се преселил во врвот на националната хиерархија со првата титула во сезоната 1989-1990. Кон крајот на 1990-тите и раните 2000-ти години, клубот имал големо соперништво со Бесансон, вториот најголем француски женски ракометен клуб од овој период, кој успеал да им одземе неколку титули. Низ годините дресот на Мец го носеле голем број на славни ракометарки кој играле и за француската репрезентација како: Изабел Вендлинг, Лејла Лежен, Нина Канто, Амандин Лејно, Алисон Пино, Беатрис Едвиж и други.
Машката секција всушност претставувала посебен клуб, РК СМЕК, кој бил затворен, а потоа интегриран во овој клуб Мец Хандбал во 2009 година.