From Wikipedia, the free encyclopedia
Метју Арнолд (англ. Matthew Arnold; 24 декември 1822 – 15 април 1888) бил англиски поет и критичар кој работел како училиштен инспектор. Тој бил син на Томас Арнолд, познат директор на Училиштето Рагби и брат на Том Арнолд, професор по книжевност и Вилијам Делафилд Арнолд, романописец и колонијален администратор. Метју Арнолд се смета за писател – мудрец, кој ги поучува и им дава инструкции на читателите за современи социјални теми.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Метју Арнолд | |
---|---|
Роден/а | 24 декември 1822 Лејлам, Мидлсекс, Англија |
Починат/а | 15 април 1888 Ливерпул, England |
Занимање | Инспектор на училишта |
Националност | Британец |
Период | викторијански |
Жанр | поезија; книжевна, социјална и верска критика |
Значајни дела | „Доверската плажа“, „Учениот Циганин“, „Тирза“, „Култура и анархија“, „Книжевност и догма“ |
Пречесниот Џон Кебл, кој подоцна стана еден од водачите на движењето Оксфорд му бил кум на Метју. „Томас Арнолд се восхитувал на ‘химните’ на Кебл во „Христијанска година“, но бил повоздржан кога овој негов стар пријател станал реакционер на ‘Високата црква’ и бил наклонет на Рим во триесеттите години на 19 век. Во 1828 година, татко му на Арнолд бил назначен за директор на Училиштето Рагби и неговото младо семејство таа година се сместило во куќата на директорот. Во 1831 година, приватен учител на Арнолд бил неговиот чичко, Пречесниот Џон Бакленд кај Лејлем, Мидлсекс. Во 1834 година, семејството Арнолдс се сместило во викендичка, Фокс хау, во Лејк Дистрикт. Вилијам Вордсворт им бил сосед и близок пријател. Фокс хау подоцна стана семеен дом, по прераната смрт на доктор Арнолд во 1842 година.
Во 1836 година, Арнолд се запишал на колеџот Винчестер, но во 1837 година, тој се вратил во Училиштето Рагби, каде се запишал во петти клас. Тој се префрлил во шести клас во 1838 година и така бил под директен надзор на татко му. Напишал стих за текст за магазинот „Фокс хау“ што во периодот од 1838 до 1843 година го создадоа Метју и неговиот брат за задоволство на семејството. Во периодот кога бил ученик во Рагби, тој ги добил училишните награди за пишување есеј на англиски јазик и поезија на латински и на англиски јазик. Неговата поема во проза „Аларик во Рим“ била отпечатена во Рагби. Во 1841 година, тој добил отворена стипендија за колеџот „Балиол“, Оксфорд. За време на престојот на Оксфорд, се развило неговото пријателство со Артур Хју Клау, дипломец од Рагби, кој му бил омилен ученик на татко му. Арнолд присуствувал на проповедта на Џон Хенри Њуман во црквата Света Марија, но не се приклучил на движењето Оксфорд. Неговиот татко ненадејно починал од срцево заболување во 1842 година. Поемата на Арнолд „Кромвел“ ја добила наградата Њудигејт во 1843 година. Тој дипломира следната година со многу добар успех. Во 1845 година, по краткиот период кога предавал во Рагби, тој бил избран за член на универзитетскиот колегиум на колеџот Ориел, Оксфорд. Во 1847 година, тој станал приватен секретар на лорд Ленсдаун, претседател на Советот. Во 1849 година ја објавил својата прва книга поезија, „Заталканиот мечтател“. Во 1850 година Вордсворт починал и Арнолд ги објави своите „Стихови за спомен“ на постариот поет во магазинот „Фрејзер“.
Пречесниот Џон Кебл, кој подоцна стана еден од водачите на движењето Оксфорд му бил кум на Метју. „Томас Арнолд се восхитувал на ‘химните’ на Кебл во „Христијанска година“, но бил повоздржан кога овој негов стар пријател станал реакционер на ‘Високата црква’ и бил наклонет на Рим во триесеттите години на 19 век. Во 1828 година, татко му на Арнолд бил назначен за директор на Училиштето Рагби и неговото младо семејство таа година се сместило во куќата на директорот. Во 1831 година, приватен учител на Арнолд бил неговиот чичко, Пречесниот Џон Бакленд кај Лејлем, Мидлсекс. Во 1834 година, семејството Арнолдс се сместило во викендичка, Фокс хау, во Лејк Дистрикт. Вилијам Вордсворт им бил сосед и близок пријател. Фокс хау подоцна стана семеен дом, по прераната смрт на доктор Арнолд во 1842 година.
Во 1836 година, Арнолд се запишал на колеџот Винчестер, но во 1837 година, тој се вратил во Училиштето Рагби, каде се запишал во петти клас. Тој се префрлил во шести клас во 1838 година и така бил под директен надзор на татко му. Напишал стих за текст за магазинот „Фокс хау“ што во периодот од 1838 до 1843 година го создадоа Метју и неговиот брат за задоволство на семејството. Во периодот кога бил ученик во Рагби, тој ги добил училишните награди за пишување есеј на англиски јазик и поезија на латински и на англиски јазик. Неговата поема во проза „Аларик во Рим“ била отпечатена во Рагби. Во 1841 година, тој добил отворена стипендија за колеџот „Балиол“, Оксфорд. За време на престојот на Оксфорд, се развило неговото пријателство со Артур Хју Клау, дипломец од Рагби, кој му бил омилен ученик на татко му. Арнолд присуствувал на проповедта на Џон Хенри Њуман во црквата Света Марија, но не се приклучил на движењето Оксфорд. Неговиот татко ненадејно починал од срцево заболување во 1842 година. Поемата на Арнолд „Кромвел“ ја добила наградата Њудигејт во 1843 година. Тој дипломира следната година со многу добар успех. Во 1845 година, по краткиот период кога предавал во Рагби, тој бил избран за член на универзитетскиот колегиум на колеџот Ориел, Оксфорд. Во 1847 година, тој станал приватен секретар на лордот Ленсдаун, претседател на Советот. Во 1849 година ја објавил својата прва книга поезија, „Заталканиот мечтател“. Во 1850 година Вордсворт починал и Арнолд ги објави своите „Стихови за спомен“ на постариот поет во магазинот „Фрејзер“.
Со оглед на тоа што имал желба да се ожени, а не бил во можност да издржува семејство со плата на приватен секретар, Арнолд во 1851 година го побарал работното место и бил назначен за Инспектор на училиштата на нејзиното височество. Два месеца подоцна тој се оженил со Френсис Луси, ќерка на сер Вилијам Вајтман, член на правниот совет на кралицата. Семејството Арнолд имало шест деца: Томас (1852 – 1868), Тревенен Вилијам (1853 – 1872); Ричард Пенроуз (1855 – 1908), инспектор на фабрики; Луси Шарлот (1858 – 1934), која се омажила со Фредерик В. Витриџ од Њујорк, кого го запознала за време на американската турнеја на Арнолд кога тој држел предавања; Елеонор Мери Керолајн (1861 – 1936), омажена за (1) почесен Армин Воудхаус во 1889 година, (2) Вилијам Мејсфилд, Барон на Сандхерст, во 1909; Бејзил Френсис (1866 – 1868).
Арнолд честопати ги квалификува неговите обврски на училиштен инспектор како „заморни“, но понекогаш ги признавал придобивките од редовната работа. Поради неговата работа како инспектор, морал постојано да патува, посебно на почетокот, во поголем дел на Англија. „На почетокот Арнолд беше одговорен за инспекција на неконформистичките училишта во поголемиот дел на централна Англија. Тој помина долги заморни часови во текот на педесеттите години на 19 век по чекалните на железничките станици и хотелите од малите градови и уште подолги часови слушајќи како учениците ги рецитираат нивните лекции и родителите кои ги рецитираат нивните приговори. Но, тоа исто така значеше дека тој, меѓу првата генерација од ерата на железницата патуваше низ Англија повеќе од кој и да е писател некогаш. Иако неговите задолженија подоцна беа сведени на помала област, Арнолд го познаваше општеството на провинциска Англија подобро отколку поголемиот дел од авторите во метрополата и тогашните политичари“.
Во 1852 година Арнолд го објави својот втор том поеми, Емпедокле на Етна и други поеми. Во 1853 година, тој ги објави Поеми: ново издание избор од два претходни тома, од кои беше изоставена Емпедокле на Етна, но беа додадени нови поеми „Сохраб и Рустум“ и „Учениот Циганин“. Во 1854 година, излезе од печат Поеми: втора серија; исто така избор, во што беше вклучена нова поема, „Болдер мртов“.
Арнолд бил избран за професор по поезија на Оксфорд во 1857 година. Тој бил прв што држел предавања на англиски место на латински. Повторно бил избран во 1862 година. „За преводот на Хомер“ (1861) и првичните мисли што Арнолд ќе ги преиначи во „Култура и анархија“ беа дел од плодовите од предавањата во Оксфорд. Во 1859 година, тој првпат отпатува на континентот (по што уследија уште две патувања), по барање на парламентот за изучување на европските образовни практики. Сам ја објави Популарно образование во Франција (1861), чиј вовед подоцна беше објавен под наслов „Демократија“ (1879). Во 1865 година, Арнолд објави Критички есеи: прва серија. Критички есеи: втора серија не се појави до ноември 1888 година, наскоро по неговата прерана смрт. Во 1866 година тој ја објави Тирсис, неговата елегија за Клау, кој почина во 1861 година. Најважното дело од социјалната критика на Арнолд Култура и анархија (и едно од ретките негови дела што сė уште се печати), беше објавено во 1869 година. Литература и догма, најважното дело на Арнолд од религиозната критика излезе од печат во 1873 година. Во 1883 и 1884 година, Арнолд имаше во Соединетите Американски Држави низа предавања за образование, за демократија и за Ралф Валдо Емерсон.
Во 1886 година, тој се пензионира од вршење инспекција на училиштата и уште еднаш отпатува за Америка. Почина ненадејно од срцев удар во 1888 година, кога трчал да стигне трамвај што требало да го однесе до станицата во Ливерпул, каде требало да се сретне со неговата ќерка која била во посета од САД, каде се пресели откако се омажи за еден Американец.
Метју Арнолд „беше навистина прекрасно друштво“, напиша Г. В. Е. Расел во Портрети од седумдесеттите; „светски човек, сосема ослободен од светот и писател без најмала трага на дребничавост“. Позната личност во клубот Атенеум, често ручаше надвор и беше чест гостин во куќите на село, сакаше лов и риболов, водеше живи дискусии, беше склон кон комбинација на гиздење и отменост, постојано читаше се и сешто и во паузите кога не работеше на издржување свое и на своето семејство со заморните училишни инспекции, тетратка по тетратка исполнуваше со медитации во скоро монашки тон. Во неговите пишувања, тој честопати ги збунуваше, а понекогаш и ги нервираше своите современици со очигледна противречност меѓу неговата урбана, дури и фриволна контроверзност и „голема сериозност“ на неговите критички ставови и меланхолично, скоро жално расположение што провејува во поголем дел од неговата поезија. Т. Х. Ворен го опиша како „глас што засмејува во дивината“.
„Оксфордска елегија“ од Воган Вилијамс, дело со раскажувач, со мешан хор и мал оркестар (1949), е заснован на извадок од „Учениот Циганин“ и „Тирсис“.
Арнолд понекогаш го нарекуваатт третиот најважен поет од викторијанскиот период, заедно со Алфред Тенисон, првиот барон Тенисон и Роберт Браунинг. Арнолд бил свесен за своето место во поезијата. Во писмо до неговата мајка од 1869 година, тој напиша:
„Моите песни во целост го претставуваат главниот развој на мислата од последната четвртина на векот и затоа најверојатно ќе дојде време кога луѓето ќе станат свесни за тоа каков е тој развој и ќе се заинтересираат за книжевното творештво што го рефлектира. Можам благо да навестам дека имам помал поетски сентимент од Тенисон, со послаб интелектуален жар и помалку сум продуктивен од Браунинг; но сепак, бидејќи во мене можеби има повеќе соединување од нив двајца отколку во кој и да е од нив посебно и редовно ја применувам таа соединување во модерниот развој, многу е веројатно да дојде моето време како што дојде нивното.“
Стефан Колини ова го смета за „исклучително искрена и доста праведна самопроценка“. „Поезијата на Арнолд продолжува да го привлекува вниманието на учениот свет, делумно бидејќи се чини дека во неа има впечатлив доказ за неколку централни аспекти од интелектуалната историја на ЏИЏ век, особено корозијата на „верата“ со „сомнежот“. Ниту еден поет не би сакал по неколку векови на него да се навраќаат само како на историски сведок, а интелектуалното разбирање на стихот на Арнолд е посебно подложно на ваков однос“.
Харолд Блум ја повторува квалификацијата што Арнолд си ја дава во неговиот вовед (како уредник на серијалот) на Модерни критички погледи tомот za Arnolд: „Арнолд го внесе во својата поезија она што им беше потребно на Тенисон и на Браунинг (но сепак го апсорбираа), главниот развој на мислата во негово време.“ За неговата поезија Блум вели, „какви и да се неговите постигнувања како критичар во литературата, општеството или религијата, неговата работа како поет може да не ја заслужува репутацијата што опстана за него и во ЏЏ вк. Арнолд во најдобар случај е многу добар, но значително деривативен поет...како што е случај и со Тенисон, Хопкинс и Розети, доминантниот претходник на Арнолд е Китс, но ова е несреќен спој бидејќи самиот Арнолд (за разлика од другите) тврдел дека не му се восхитува многу на Китс, а истовремено ги пишувал своите елегии со дикција, метар и имажистичка постапка што срамно многу потсетуваат на Китс.“
Меѓутоа, сер Едмунд Чејмберс забележал дека пи споредбата на најдобрите дела на Метју Арнолд со оние на шесте најдобри автори од негово време...повеќе дела опстанаа од Метју Арнолд отколку од нив.“ Чејмберс ја процени поетската визија на Арнолд од аспект на „нејзината едноставност, луцидност и директност; нејзината буквалност...; умерената употреба на китнести или на претерани зборови, поради што тие сеефикасни; избегнување на инверзии и општа директност на синтаксата, што им дава целосна вредност на деликатностите на различниот ритам и поради тоа, од сите стихови што ми се познати, се најлесни за читање на глас.“
Во Ливерпул, каде почина, постои основно училиште наречено по него и истоимено средно училиште во Оксфорд и Стајнс.
Неговата литературна кариера – изоставајќи ги неговите две наградни песни – започна во 1849 година со издавањето на Залутаниот мечтател и други песни, што привлече малку внимание – иако во неа беше можеби најчистата поетска песна на Арнолд „Заборавениот тритон“ – но наскоро беше повлечена. Емпедокле на Етна и други песни (меѓу нив „Тристрам и Изолт“) објавена во 1852 година, имаше слична судбина. Во 1858 година тој ја објави својата трагедија Меропе, што, како што му пиша тој на еден пријател, повеќе беше наменето, „да го инаугурира моето професорско место со достоинство отколку длабоко да го трогне човечкиот род“ и претежно забележително поради некои експерименти во необични – и неуспешни – метри.
Неговата песна „Доверската плажа“ од 1867 година прикажува кошмарен свет од кој исчезнале старите религиозни вредности. Таа понекогаш се смета за еден од првите, дури и прв пример на модерен сензибилитет. Во познатиот предговор на избор песни од Вилијам Вордсворт, Арнолд се идентификува себеси, малку иронично, како „човек на Вордсворт“. Очигледно е влијанието на Вордсворт во најдобрата поезија на Арнолд и во идеите и во дикцијата. Песната на Арнолд „Доверската плажа“ се појавува во Фаренхајт 451 на Реј Бредбери, а исто така се спомнува како значајна во Сабота од Ијан Мекеван. Таа исто така беше цитирана или спомната во голем број други контексти (вид. Доверската плажа“).
Некои сметаат дека Арнолд е мостот меѓу Романтизмот и Модернизмот. Неговата употреба на симболични пејзажи беше типична за романтичната ера, додека неговиот скептичен и песимистичен стил беше типичен за модерната ера. Рационалистичката тенденција на некои негови дела навреди многу читатели и беше доведена во прашање неговата образовна компетентност во обработката на некои теми со кои се бавеше, но несомнено во негово време имаше инспиративно влијание. Неговите дела се одликуваат со префинетост, висока цел, искреност и мошне препознатлив стил, а поголем дел од неговата поезија имаше деликатна и суптилна убавина, иако постоеја сомнежи дали високата култура и доброто познавање на поезијата не го заземаа понекогаш местото на вистинскиот поетски жар. Хенри Џејмс напиша дека поезијата на Метју Арнолд ќе им се допадне на оние кои „сакаат несекојдневни задоволства“ и кои сакаат да чујат како поетот „зема здив“.
Расположението во поезијата на Арнолд тежнее кон жаловно размислување и се воздржува од изразување чувства. Тој сакал поезијата да биде „критика на животот истовремено филозофска. Филозофијата на Арнолд е дека вистинската среќа доаѓа од внатре и дека луѓето треба да го бараат доброто во нив, а да бидат резигнирани при прифаќање на надворешни работи и да го избегнуваат бесцелниот метеж во светот. Меѓутоа, тој смета дека не треба да живееме со уверување дека еден ден ќе ни следува вечен благослов. Ако не сме среќни на Земјата, треба да ги промениме нашите желби наместо да мечтаеме за нешто што никогаш нема да ни се оствари. Оваа филозофија е јасно изразена во „Доверската плажа“ и во следниве стихови од „Строфи од Гранд Шартрез“
Лунѕајќи меѓу два света, еден мртов, друг да се роди немоќен, нема место каде глава да потпрам, освен на Земјата на која чекам загубен.
Арнолд ја вреднува природата поради мирот и постојаноста, што е различно од постојаната промена на човечките нешта. Неговите описи честопати се живописни и означени со впечатливи споредби. Но, истовремено, тој сакаше придушени бои, замагленост и месечева светлина. Се чини дека јапретпочитал „придушената светлина“ на морските длабочини во „Заборавениот тритон“ наместо селскиот живот што го сакаше изгубената сопруга на тритон.
Во својата поезија тој изведува теми на неговите наративни песни од разни традиционални или книжевни извори, но за романтичната меланхолија на неговите претходни песни уште повеќе е инспириран од „Оберман“ на Сенанкур. Неговите најголеми недостатоци како поет потекнуваат од немањето слух и честиот неуспех да разликува поезија од проза.
Проценувајќи ја важноста на прозните дела на Арнолд во 1988, Стефан Колини изјавува „од причини што имаат врска со нашите сопствени културни преокупации како и со заслугите на неговите дела, најдобриот дел од неговата проза влијае на нас денес, што не може да се спореди со неговата поезија.“ Секако, сė уште може да има некои читатели кои слабо ја паметат „Доверската плажа“ или „Учениот Циганин“ од училишните антологии, но се изненадени кога ќе дознаат дека тој исто така пишувал и проза.
Џорџ Вотсон го следи Џорџ Сентсбери при поделбата на кариерата на Арнолд како прозен писател во три фази: 1) рана книжевна критика што започнува со предговорот на изданието на неговите песни во 1853 година и завршува со првата серија на Критички есеи (1865); 2) продолжен среден период (се преклопуваат првите и третите фази), поезија карактеризирана со социјални, политички и религиозни дела (околу 1860-1875 година), враќање на книжевната критика со избор и редактирање на збирка поезија од Вордсворт и Бајрон и втора серија Критички есеи. Ватсон и Сентсбери тврдат дека повеќе ја претпочитаат книжевната критика на Арнолд отколку неговата социјална или религиозна критика. Понови писатели, како Колини, покажаа поголем интерес за неговите социјални текстови, додека во текот на годините значителна метакритика се фокусираше на религиозните текстови на Арнолд. Тој не вклучува посебни напори да ги оддели неговите текстови за образованието од социјалните текстови.
Работата на Арнолд како книжевен критичар започнува со „Предговор на поемите“ во 1853 година. Во него тој се обидува да го објасни својот екстремен чин на автоцензура со изземање на драмската поема „Емпедокле на Етна“. Скоро сите основни елементи во неговата критичка теорија може да се разгледуваат со акцент на важноста на темата во поезијата, на „јасноста на групирањето, строгоста на развојот, едноставноста на стилот“, што го научи од Грците и силното влијание на Гете и Вордсворт. Џорџ Вотсон го опиша предговорот на 31-годишниот Арнолд како „чудно крут и непријатен во однос на елегантноста на неговата подоцнежна проза.“
Критиката започнува најпрво во текстовите на Арнолд во 1857 година кога тој првпат беше назначен на местото професор по поезија на Оксфорд, што го држел два семестара во период од пет години. Во 1861 година објавени се неговите предавања За преводот на Хомер, по кои во 1862 година уследи Последен збор за преводот на Хомер - и двата тома се напишани со одличен стил и полни со впечатливи заклучоци и сугестивни забелешки, но засновани на мошне произволни претпоставки без добро основани заклучоци. Посебно карактеристично, како за неговите недостатоци, така и за неговите квалитети, е од една страна неубедливото застапување на англиските хексаметри и неговото создавање на книжевен апсолут во „грандиозниот стил“, а од друга страна неговата силна потреба за објективна и интелигентна критика во Англија.
Иако поезијата на Арнолд добива само мешани критики и внимание за време на неговиот живот, неговите обиди во книжевната критика биле поуспешни. Арнолд е познат по воведување на методологија на книжевна критика, некаде меѓу историскиот пристап вообичаен за повеќето критичари од тоа време и личниот есеј; тој често се префрла брзо и лесно од книжевни теми, на политички и социјални проблематики. Неговите Критички есеи (1865, 1888), до денес имаат значајно влијание врз критичарите. Во еден од неговите најпознати есеи на тема „Студија за поезијата“, Арнолд пишува дека „без поезија, нашата наука ќе изгледа некомплетна, а поголем дел од она што сега спаѓа во религија и филозофија, ќе биде заменето со поезија“. Тој смета дека најважниот критериум што се користи за процена на вредноста на една песна е „искреноста“ и „сериозноста“. Според овој стандард, „Кантербериски приказни“ на Чосер не го заслужува одобрувањето на Арнолд. Згора на тоа, Арнолд сметаше дека дела за кои се покажало дека се искрени и сериозни, како оние на Шекспир и на Милтон, може да се користат како основа за споредба при одредување на квалитетот на други поетски дела. Тој исто така настојуваше книжевната критика да остане објективна и тврди дека треба да се цени „предметот онаков каков што навистина е“.
Од книжевна критика тој преминува на поопшта критика за духот на неговото доба. Меѓу 1867 и 1869 година, тој го пишува делото Култура и анархија, познато по терминот што тој го популаризираше за средната класа на англиското население од викторијанскиот период: „малограѓани“ (Пхилистинес), збор кој своето модерно значење (на англиски, бидејќи употребата на германски веќе била воведена) го добил од него. Култура и анархија е исто така познато по тоа што во него е популаризирана фразата „се топи од љубезност“ (сњеетнесс анд лигхт), кованица на Џонатан Свифт.
Потребата на Арнолд за „логика и темелност на мислата“, како што забележа Џон М. Робертсон во Модерни хуманисти, бил аспект на неконзистентност за кој бил обвинет Арнолд. Малку од идеите се лично негови и тој не успеа да ги помири конфликтните влијанија кои толку силно го придвижувале. „Постојат четири личности“, тој еднаш му пишал на кардиналот Њуман, „од кои лично сум свесен дека сум научил – што е многу поразлично од тоа само силно да сум бил импресиониран – научив навики, методи, идеи кои ме водеа, кои се постојано со мене; а тие четворица се – Гете, Вордсворт, Сент-Бев и Вие“. Мора да се додаде и доктор Арнолд; фундаменталната љубов на синот кон таткото уште порано била нагласена од Свинбрн, а подоцна била потврдена од внукот на Метју Арнолд, Арнолд Витриџ. Воспитан во малограѓански дух, како отворен космополит и претставник на културата што ја напаѓа, тој до крај останал еден вид малограѓанин.
Во 1887 година Арнолд бил заслужен за кованицата „нов журнализам“, термин со кој понатаму се дефинира цел еден жанр на историја на весник, посебно печатарската империја на лорд Нортклиф на крајот од векот. Меѓутоа, во тоа време целта на иритацијата на Арнолд не е Нортклиф, туку сензационалистичкото новинарство на уредникот на Пал Маг Газет, В. Т. Стед, од почетокот во 1865 година. Како повремен дописник, тој посебно се спријателува со првиот уредник, Фредерик Гринвуд и остварува блиско познанство со вториот уредник, Џон Морли. Меѓутоа, тој остро го критикува Стед кој е склон кон сензационализам и изјавува дека под негова палка „ПМГ по кратка постапка ќе престане да биде литература, без оглед на заслугите на весникот“.
Арнолдовите религиозни погледи биле необични за тоа време. Проучувачите на делата на Арнолд не се согласуваат околу природата на личните религиозни убедувања на Арнолд. Под влијание на Барух Спиноза и неговиот татко, доктор Томас Арнолд, тој ги отфрлил суеверните елементи во религијата, но сепак останал фасциниран од црковните ритуали. Се чини дека Арнолд припаѓа на една прагматична златна средина која повеќе ја засегала поезијата на религијата, нејзините доблести и вредности за општеството отколку постоењето на Бог.
Во својот предговор на Boг и Библијата во 1875 година тој напишал „ликовите во христијанскиот рај и нивните разговори не се пореални од ликовите на Богрчката планина Олимп и нивните разговори.“ Тој во Книжевност и догма исто така напишал: „зборот жбогж во повеќе случаи се користи не како научен термин или егзактно знаење, туку термин на поезија и елоквентност, термин што е исфрлен, да речеме, како нецелосно разбран предмет на свесноста на говорникот – накратко, книжевен термин, под кој луѓето подразбираат различни нешта во зависност од разликите на нивната свесност.“ Тој ја дефинира религијата како „моралност допрена од чувство“.
Меѓутоа, тој во истата книга исто така напишал, „да се премине од христијанство што се потпира на своите чуда на христијанство што се потпира на природната вистина е голема промена. Тоа може да го сторат само оние чија приврзаност кон христијанството е таква што тие не можат да се разделат од него и не можат ништо друго освен искрено да се справат со него.“
„Метју Арнолд“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.