![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3f/Moon_symbol_%2528planetary_color%2529.svg/langmk-640px-Moon_symbol_%2528planetary_color%2529.svg.png&w=640&q=50)
Месечина (астрологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Месечината е ноќна планета бенефик која ги претставува нашите емоции и потребата од сигурност. Таа го објаснува нашето рано опкружување а особено патот по кој жените го доживуваат своето искуство како мајки. Месечината во астролошка смисла ја прикажува нашата спосбност да ја почувствуваме околината, способноста да дадеме и примиме чувства. Таа се однесува на инстинктите, на несвесниот дел од нашата личност како и на вообичаеното однесување преку кое се рефлектира низ тој мистериозен дел од нас самите. Месечината укажува како инстинктивно реагираме во личната заштита и заштитата на другите. Најважно, Месечината го опишува она кое го сокриваме од сите - нашата душа - нашите најдлабоки чувства - бескрајно простување себеси и на другите. Месечината е симбол на плодност и не случајно менструалниот циклус е под нејзина заштита. Во мунданата астрологија Месечината го претставува народот.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3f/Moon_symbol_%28planetary_color%29.svg/170px-Moon_symbol_%28planetary_color%29.svg.png)
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5f/Birth_chart_example_2.png/640px-Birth_chart_example_2.png)
Во наталната карта Месечината е природен владетел на 4-то поле.
- Принцип: женски
- Квалитет: променлив
- Домицил (седиште) во Рак.
- Егзил (изгон) во Јарец.
- Егзалтација (возвишеност) во Бик.
- Пад во Скорпија.
Во наталната карта, покрај Сонцето, Месечината има најголемо значење за личноста. Таа управува со нашите ноќни активности, сонот, интуицијата и таинственоста. Владее со нашата потсвест а со нејзиното движење низ Зодијакот и промената на мените, влијае и врз нашата емотивна состојба и однесување.
Месечината може да биде омилена како и Венера но сепак е помалку среќна од неа бидејќи е претерано зависна, на ист начин како што доенчето е зависно од мајката. Полето во наталната карта каде што се наоѓала Месечината во мигот на нашето раѓање укажува на областа од нашиот живот во која се препуштаме без резерви, ја опишува нашата мајка и баба, а кај мажите Месечината дава опис на жената која ги привлекува. Исто така, полето во кое се наоѓа Месечината укажува на областа во која сме најранливи но и најинтуитивни, но секако дека самата положба во наталната карта не е доволна комплетно да ја опише личноста или неекој настан во астролошка смисла, туку треба да се земат превид и сите аспекти кои Месечината ги прави со другите планети во мигот на раѓањето.