Витолишки манастир
манастир во селото Витолиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Витолишки манастир или Мелнички манастир — манастир во непосредна близина на некогашното село Мелница, сместен покрај реката Бутурица, веднаш на регионалниот пат кој води до селото Витолиште, веднаш над одвојувањето за селата Полчиште и Бешиште.
Поглед на главната манастирска црква „Св. Илија“ | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Илија“ |
Други имиња | Мелнички манастир |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1870 |
Посветен на | Илинден |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | „Св. Илија“ |
Личности | |
Основач (и) | Стале Чешелков |
Место | |
Место | атар на село Витолиште, Прилеп, Македонија |
Координати | 41°09′49″N 21°46′51″E |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци, трпезарија |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Прилепечко-витолишка парохија) |
Историја
Манастирот започнал да се гради во 1870 година под водство на Стале Чешелков, но и со помош на целокупното мариовско население. Главната манастирска црква „Св. Илија“ била завршена во 1872 година, а нејзиниот богат фрескоживопис бил завршен во 1881 година од страна на зографот Аврам Дичов, син на познатиот мајстор Дичо Зограф.[1] Според натпис пронајден во манастирската црква кој потекнува од 1872 година, манастирот бил изграден од мајсторот Пере Лауца со помош на православните христијани од околните села[2].
Во минатото во манастирот имало монаштво и во него живееле монаси. Имотната состојба на мнастирот била добра за опстанокот на манастирската братија односно монашкото братство и луѓето коишто работеле на манастирските имоти. Манастирот поседувал ниви, ливади, шуми, како и голем број на добиток од кој имак булук овци, кози, говеда, пчели и друг вид жива стока[2].
Цркви
Темелите на црквата биле поставени во 1870 година на иницијатива на Стале Чешелков од селото Полчиште, која била планирана да биде главна манастирска црква на тогашниот Мелнички манастир (денес наречен и Витолишки манастир), која била помогната од целото мариовско население[2].
Изградбата завршила по неполни две години од нејзиниот почеток и веднаш биле повикани прочуените мијачки зографи од селото Тресонче предводени од Аврам Дичов, син на познатиот и легендарен зограф од XIX век - Дичо Зограф[2].
Како ктитор на манастирската црква, а подоцна прогласен и за доживотен игумен на самата црква, се јавува Стале Чешелков, кој бил главниот иницијатор за изградба на манастирската црква и самиот манастир во целост[2]. На барање на месното население бил насликан на ѕидовите од манастирската црква, каде е претставен во природна големина (цел раст), со бела брада, патерица во десната рака и облечен во убава мариовска носија[2]. Дедо Стале умрел во 1913 година на 115 годишна возраст[2].
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.