Обрежување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Обрежување (циркумцизија), или почесто машко обрежување — оперативен зафат со кој се отстранува кожичката која го покрива врвот на пенисот. Повеќето педијатриски здруженија, вклучувајќи ја и Американската педијатриска академија, не препорачуваат рутинско обрежување. Нивната препорака е одлуката за обрежување да се препушти на родителите. Следните причини може да влијаат на одлуката за обрежување:
- Религиозни причини: во некои религии обрежувањето се практикува ритуално. На пример, кај евреите и муслиманите.
- Социјални причини: некои родители се плашат дека на нивниот син ќе му се потсмеваат, ако не е обрежан.
- Културни причини: обрежувањето е прифатено во некои култури. Некои родители се одлучуваат за обрежување бидејќи и другите машки членови на семејството се обрежани.
- Медицински причини: во некои ситуации кои ги одредува докторот, обрежувањето е корисно во медицинска смисла (на пример, ако детето има фимоза и уринарни инфекции).