![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f0/Mouse_embryonic_stem_cells.jpg/640px-Mouse_embryonic_stem_cells.jpg&w=640&q=50)
Матична клетка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Матичните клетки се клетки кои имаат способност за самореплицирање и даваат нови специјализирани клетки по пат на митоза. Матичните клетки можат да се најдат во различни стадиуми од феталниот развиток и се присутни во најразлични ткива од возрасните единки. Многу од термините кои се користат за разликување на матичните клетки се основани на нивното потекло или патот на нивното настанување. Овие клетки се најдени во повеќето, ако не и сите многуклеточни организми.
Кратки факти Матична клетка, Податоци ...
Матична клетка | |
---|---|
![]() Ембрионски матични клетки на глушец означени со флуоресцентна боја | |
![]() Колонија од човечки ембрионски матични клетки врз фибробластен хранлив слој | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | cellula precursoria |
Код | TH H2.00.01.0.00001 |
TH | H1.00.01.0.00028, H2.00.01.0.00001 |
FMA | FMA:63368 |
Затвори
Постојат три основни типови на матични клетки:
- тотипотентни матични клетки, чие име сугерира на тоа дека нивниот потенцијал за создавање клетки е тотален (целосен), ја имаат способноста да се претворат во секој тип на клетка од телото и со тоа да формираат целосен организам;
- плурипотентни матични клетки, како ембрионските матични клетки, кои се способни за создавање на сите типови на клетки од телото, но не се способни да формираат функционален организам;
- мултипотентни матични клетки, кои даваат само ограничен број на клеточни типови. На пример, матичните клетки од еден возрасен организам, наречени и органски или ткивно-специфични матични клетки, се мултипотентни матични клетки кои можат да се најдат во специјализирани органи и ткива по раѓањето. Нивната првична функција е да ги возобноват клетките во органите или ткивата кои се изгубиле (по пат на тератогенеза или болести).