Математичка логика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Математичка логика е поле во математиката. Се дели на теорија на моделите, доказна теорија, теорија на множествата и теорија на рекурзијата. Истражувањата во математичката логика имаат придонесено кон, и се мотивирани од, изучувањето на основите на математиката, но во математичката логика спаѓаат и области од чистата математика кои не се директно поврзани со основни прашања.
Заедничка тема во математичката логика е изучувањето на експресивната моќ на формалната логика и формалните доказни системи. Оваа моќ се мери по тоа што овие формални системи можат да докажат и по тоа што можат да дефинираат.
Претходно математичката логика се нарекувала симболичка логика (наспроти филозофска логика) и метаматематика. Првонаведениот термин сѐ уште се користи (како кај Здружението за симболичка логика), а второнаведениот термин се користи за извесни аспекти од доказната теорија.