Масакрот кај Дабница е колеж врз месното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Настанот се случил на 18 мај 1925 година во пиринското село Дабница.[1]

За масакрот во прилепското село Дабница, извршен во 1942 година, видете Масакр кај Дабница, 1942

Настан

Масакрот е извршен во една куќа во селото Дабница, Неврокопско, Пиринска Македонија во 1925 година. Колежот е извршен врз македонското население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Од селото повеќе од 300 лица биле насила одвлечени и три месеци, од април до јуни, биле подложени на крвави репресалии, пред очите на месните државни, административни и воени власти, а еден поголем дел од нив биле и убиени. Како последица на „жестоката инквизиција“, починале околу 200 души, а поголем број биле интернирани надвор од Пиринскиот дел на Македонија.[2]

Куќата во која се извршени колежите е претворена во музеј, но по падот на комунизмот во Бугарија во 1989 година, таа е во очајна состојба.[3]

Поврзано

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.